ТРАГЕДИЈА КОЈА ГО АЛАРМИРА СВЕТОТ: „ChatGPT“ му дал насоки за самоубиство на тинејџер

April 1, 2026
1 min read

Шеснаесетгодишно момче извршило самоубиство откако од вештачката интелигенција „ChatGPT“ побарало совет за „најсигурниот“ начин да си го одземе животот, беше соопштено за време на судската истрага. Лука Чела Вокер, ученик во приватно училиште од Хемпшир, починал на 4 мај минатата година. На рочиштето во судот во Винчестер во вторникот беше изнесено дека неколку часа пред смртта, тој пребарувал на „ChatGPT“ за „најуспешниот“ начин на кој едно лице може да се самоубие на железничка пруга, пренесува Guardian.

Во моментот на смртта, тој посетувал колеџ во Фарнборо, а претходно завршил школување во близина на Хук. Судот слушна сведоштва дека во тоа училиште владеела култура на насилство — „или малтретираш, или си малтретиран“ — што оставило значителни последици врз неговото ментално здравје. Семејството го опишува како „добро, чувствително и смирено“ момче. На родителите им рекол дека оди на работа како спасувач, но наместо тоа заминал на железничката станица каде што го извршил чинот. Неговите родители, Скот Вокер и Клер Чела, изјавија пред судот дека не биле свесни за проблемите на нивниот син, опишувајќи ги како „невидлива борба“.

Детективот Гари Најт од британската сообраќајна полиција, кој ја водел истрагата, изјави дека е утврдено дека Лука ноќта пред смртта, околу 00:30 часот, го користел ChatGPT барајќи совети за начини на самоубиство на железница.

„Системот нуди можност да го упати корисникот до организации за помош, но Лука тоа го заобиколил, по што ChatGPT му дал информации за најефикасните начини“, рече Најт, додавајќи дека станува збор за „вознемирувачка и потресна содржина“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиу: После една деценија е ажурирана листата на есенцијални лекови

Следно

Mickoski: Shqiptarët janë vlerë e shtuar, gjuha shqipe dhe himni duhet të na bashkojnë!!!

Latest from Blog

Газдата на Наполи со став: Кратење на Серија А на 16 клуба, доста хиберниравме

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го коментираше неуспехот на италијанската репрезентација во квалификациите за СП 2026 и побара итни реформи во Серија А. „Во минатото, Серија А имаше 16 екипи, но

Италијанските пациенти повторно го посетуваат „Д-р Баткоски“ благодарение на директниот лет Милано-Охрид

По шест години од периодот пред короната, повторно е воспоставен директен лет на релација Милано-Охрид, што претставува значаен момент за пациентите од Италија кои доаѓаат на стоматолошки третмани во центарот „Д-р Баткоски“.
Go toTop