Тошковски: Службено лице од МВР фатено на лице место со над 10 илјади евра од извршено кривично дело Измама

May 18, 2024
1 min read

На ден 17.05.2024г. лицето И.М. вработено како Виш аналитичар во СВР Скопје, лишено е од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ.

Имено, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција се постапуваше по пријава од три оштетени лица и на ден 17.05.2024 година наведеното лице е фатено на лице место во моментот на примопредавање на 12 500 евра, претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија.

– Во врска со кривичното дело извршен е претрес во службените простории кои ги користела пријавената при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело во вид на разни документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани, разни договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи.

Исто така, при извршен претрес во дом и други простории кои ги користи лицето И.М. лоцирани во Општина Сарај, беше пронајдено и огнено оружје со шест парчиња муниција кое оружје и муниција најверојатно ги поседува без дозвола, за што известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје заради преземање на дополнителни мерки.

МВР и понатаму продолжува со преземање на мерки и активности насочени кон испитување на евентуална поврзаност на наведеното лице со други високи полициски службеници, стои во објавата на Тошковски.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Изгласана новата Влада на Хрватска

Следно

Бикот да се ослободи од caмoнaмeтнaтитe oгpaничyвaњa, Лавот да се воздржи од вербaлни кoнфликти

Latest from Blog

МИЛИОНИ ЛУЃЕ ПРЕД МАСОВЕН ПОМОР: Еболата влезе меѓу бегалците, ИСИС не дозволува помош!

Епидемијата на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго брзо излегува од контрола и се шири со застрашувачка брзина. Локалните власти официјално соопштија дека бројот на потврдени случаи веќе достигнал 1.003,

Божиновска: Две години посветена работа за посилна и енергетски независна Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод две години од формирањето на Министерството порача дека институцијата од идеја прераснала во еден од клучните носители на политиките во енергетскиот

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај
Go toTop