Тошковски – Нешиќ: Македонија и БиХ се исто така погодени од миграцијата, иако мигрантите не сакаат да останат кај нас

December 4, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, одржа билатерална средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ на која било разговарано за потребните чекори кои треба да ги преземат двете земји за доближување кон Европската унија.

Тошковски посочи дека на средбата било разговарано за реформите кои треба да ги спроведат двете држави, потврдувајќи ја добрата соработка помеѓу полициите и полициските службеници.

– Разговаравме за прашања кои што се од интерес за двете држави во насока на оној пат којшто претстои пред нас, тоа е правење на сите оние потребни реформи, преземање на сите оние потребни чекори за да се доближиме до Европското семејство. Тоа е нашиот единствен пат и на Македонија и на Босна и Херцеговина којшто треба да го исчекориме во иднина … Разговаравме исто така за теми кои што се од интерес за двете држави, како држави каде што имаме транзит на нелегална миграција, разговаравме за теми кои што се поврзани со создавање на еден регионален центар за обука и регионални конференции на сите центри за обука на земјите од Балканот, рече Тошковски.

Според босанскиот министер за безбедност, Нешиќ, криминалот и корупцијата се тие што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Тој истакна дека Северна Македонија и Босна и Херцеговина се исто така погодени од миграцијата, иако мигрантите не сакаат да останат ниту во земјава, ниту во БиХ.

– Тоа се илегални миграции, како што знаете, Северна Македонија и Босна и Херцеговина се исто така погодени од миграцијата. Мигрантите не сакаат да останат ниту во Северна Македонија, ниту во Босна и Херцеговина, но за жал ние сме транзитна рута и се соочуваме со безбедносен предизвик, особено во последно време кога мигрантите некако станаа насилни, а трговијата со луѓе, т.е. профитабилните бизниси. Исто така, сакам да изразам дека нашите полициски агенции соработуваат многу успешно, дека ги разбиваат потребните информации и го изразувам моето очекување дека оваа соработка ќе биде уште подобра во следниот период, рече Нешиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор

Следно

Тошковски оствари средба со Нешиќ: Одличната соработка меѓу двете министерства дава одлични резултати за безбедноста на нашите граѓани

Latest from Blog

Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони

Академија без студенти, правосудство без судии — деветтата генерација пропадна, нова нема

Анализите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители, но пари за нови кандидати сè уште нема. Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, вели дека се чека на законски измени, а Европската комисија

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор
Go toTop