Тоневски: Нови инвестиции за развој на туризмот во Пробиштип

November 18, 2025
1 min read

Денес официјално започна проектот за реконструкција на планинарскиот дом на Црн Врв, кој има за цел подобрување на условите за развој на планинарството, велосипедизмот и заштита на природните убавини на овој туристички локалитет.

Проектот е финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа, а ќе се спроведува преку Центарот за развој на Источниот плански регион. Со проектните активности е предвидена целосна реконструкција на објектот и уредување на неговата околина.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 5.300.000 денари, од кои најголемиот дел се обезбедени од Европската Унија, додека Општината учествува со средства во износ од околу 725.000 денари.

 

Тони Тоневски, градоначалник на општина Пробиштип, истакна дека проектот е значаен за локалниот развој и за промоција на активниот туризам во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Министерството за енергетика го финализираше Планот за реконструкција на јавни згради 2025–2028

Следно

Денеска Виена е главен град на БиХ! Лудо ќе биде и на “Хемпден Парк“ во Глазгов! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Министерството за енергетика го финализираше Планот за реконструкција на јавни згради 2025–2028

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна,

Катастрофа во Италија: Има исчезнати лица, граѓаните бараат засолниште на покривите

Две лица се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови го натера северозападниот италијански регион Фриули Венеција Џулија да прогласи вонредна состојба и да побара помош од централната

ПАТРОН ПРАЗНИК НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“

Со низа свечени активности денеска беше одбележан патрониот празник на општинското основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица, по повод 151 година од раѓањето на кодификаторот на современиот македонски литературен јазик. Градоначалникот
Go toTop