Нашиот Пробиштип уште од поставувањето на темелите се градел во визија- урбан и модреден град. Пробиштип е еден од првите градови со свој базен, место каде што растеа генерации, се раѓаа пријателства и се создаваа најубавите летни спомени, рече Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип.
Место полно со живот, не е случајно што токму Пробиштип беше првиот град што доби Аква парк во Македонија. Ние секогаш сме чекор напред, со отворено срце и јасна цел- подобар живот за сите нас. Водени од љубовта кон нашиот град и заложбите за подобра спортска и рекреативна иднина, во следниве четири години Пробиштип ќе добие нов модерен градски базен. Базен за сите, од најмалите до највозрасните. Простор за рекреација, пливачки школи, летна забава и здрав живот. Затоа што Пробиштип може, Пробиштип знае како и најважно Пробиштип сака, истакна Тоневски.
За секое дете што ќе научи да плива, за секој спомен што допрва ќе го создадеме. За тебе, за твоето место, за твојата иднина, порача Тоневски.
Извор: kurir.mk