Овие таблици коишто се во боја прво беа тестирани на „Сејв Сити“ да видиме дали ги читаат камерите, од кога утврдивме дека ги читаат од тогаш почнавме со изработка на истите. До сега има над 3.000 возила коишто ги промениле таблиците, и оние коишто не ги промениле кога ќе дојде моментот на повторна регистрација на возилата, нема да им дадат никакви други таблици освен таблици во боја“, истакна Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на вечерашното гостување на Сител телевизија во Тема на денот.
Томовски посочи дека СОЗР за време на изборната кампања не добила ниту една пријава за злоупотреба на возилата за партиски цели.
-Ниту еден случај за партиски цели во кампањата не беше пријавен до нас како Служба за општи и заеднички работи. Оние возила коишто ги имаме ние, службените шкоди, тие шкоди моментално се на оперативен лизинг, на истите кога ќе регистрира прекршок, стигаат до лизинг компанијата, лизинг компанијата со допис ги препраќа кај нас, ние таму точно знаеме кој ги должи тие возила, но и онаму каде што имаме возила каде што не знаеме кој го должи, ние имаме раководител на сектор возен парк, одговорноста е целосна во него, рече Томовски.
Томовски на крај истакна дека во Скопје има заинтересирани инвеститори кои сакаат да го изградат Скопски саем.
-Имавме една таква иницијатива на барање на оние луѓе коишто работеле во Скопски саем, има заинтересирани инвеститори коишто сакаат да го изградат и да го стопанисуваат саемот, а повторно ние како држава да имаме саем, а да не платиме ништо за тоа, во моментот сме во потрага по соодветно земјиште и соодветна локација, очекувам дека за скоро време ќе имаме таква локација и ќе добиеме Скопски саем, рече Томовски.
Извор: kurir.mk


