Секоја чест за Ламине Јамал, за Рафиња и останатите мега – ѕвезди на Барселона, но се знае дека “моторот“ на каталонците, па и на селекцијата на Шпанија, секако дека е Педри.
За него се врзани исклучителни бројки, но најмногу восхитува неговата контстантно добра форма.
Сепак Педри по нешто друго е феномен. Имено тој од можни 48 натпревари на кои што можел да игра за Барса и селекцијата на Шпанија, настапил на сите во низа.
Неверојатно.
Секако дека на сите не играл 90 минути, но колку и да бил на терен оваа статистика е неверојатна.
Уште повеќе, Педри на последните 86 меча на кои што можел да игра настапил на 85, значи само една пропуштил.
Токму затоа велиме дека е “моторот“ на Барса.
Извор: vecer.mk