Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на Примера.
Барселона благодарение на голот од слободен удар на Маркус Рашфорд и потоа оној на Феран Торес, за само 18 минути дојде до предноста за победа, во натпревар во кој Реал едноставно немаше никакви шанси за подобар резултат.
Во следното коло, тимот на Ханс-Дитер Флик ќе се соочи со Алавес на гостински терен на 13 мај, додека момците на Алваро Арбелоа ќе играат против Овиедо дома еден ден подоцна.
Извор: vecer.mk


