Македонска технологија во светската елита: „Грин Машинс“ БРАКО го привлече вниманието на најголемиот саем во Германија

May 10, 2026
1 min read

Македонската компанија БРАКО и брендот Green Machines деновиве се претставуваат на еден од најголемите светски саеми за еколошки технологии и урбана инфраструктура – IFAT Munich во Минхен.

На престижниот меѓународен настан, кој важи за водечки глобален саем за технологии за животна средина, комунална опрема и одржливи урбани решенија, македонските возила за одржување на урбана хигиена предизвикаа значително внимание кај посетителите и партнерите од индустријата.

Возилата на Green Machines, кои се произведуваат во фабриките на БРАКО во Велес, беа презентирани рамо до рамо со производители од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, САД и други светски компании од оваа индустрија.

Од Green Machines велат дека светскиот пазар сè повеќе бара разновидни еколошки решенија, па затоа компанијата нуди возила со електричен, дизел и водороден погон, прилагодени за современите потреби на градовите.

Компанијата е еден од најуспешните македонски индустриски извозници, а дури 98 проценти од производството се пласира на странски пазари во повеќе од 60 земји ширум светот.

Меѓу последните големи проекти е испораката на 52 возила за урбана хигиена во Ријад, што претставува една од најголемите поединечни испораки на компанијата во последниот период.

Green Machines Македонија дополнително го шири своето глобално присуство преку компании-ќерки во Обединето Кралство, Холандија и САД.

Настапот на IFAT Munich уште еднаш ја потврдува позицијата на македонската индустрија на светската мапа во областа на современите еколошки и комунални технологии.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонскиот „Грин Машинс“ меѓу светската елита на ИФАТ во Минхен

Следно

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

Latest from Blog

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска

Македонскиот „Грин Машинс“ меѓу светската елита на ИФАТ во Минхен

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, привлекоа големо внимание на престижниот светски саем ИФАТ во Минхен — еден од најзначајните меѓународни настани посветени на
Go toTop