Со почетокот на грејната сезона, во Скопје но и во другите градови, како Тетово, опаѓа квалитетот на воздухот.
Деновиве загадувањето во Тетово не е на енормно ниво, туку „умерено“, меѓутоа здравствените експерти бараат итно да се преземат мерки.
Главните загадувачи се веќе познати, греењето со дрва и автомобилите, вели Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово.
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами апелира да се користи јавен превоз, притоа предупредувајќи дека ќе се преземаат мерки со зголемување на проверките на стопанствениците и семејствата кои користат горива за греење кои го загадуваат воздухот.
„Наредните денови ќе се направи акциски план за контрола на загадувачите на воздухот, секако дека ќе ги зголемат контролите во бизнисите но и во домаќинствата кои во одредени периоди можат да користат горива за греење кои можат во голема мера да го загадат воздухот. А во овие случаи ќе се преземат мерки“, вели Биљал Касами.
Во текот на 15-те дена во ноември, 7 дена воздухот во Тетово бил над дозволеното ниво на загаденост.
Мерачот за квалитет на воздухот моментално се наоѓа на периферијата на Тетово, што значи дека податоците за квалитетот на воздухот во градот не се прецизни.
Се стравува дека во декември, јануари и февруари загаденоста ќе биде висока, како што се случуваше во последните години, поради маглата и начинот на греење на граѓаните.
ИЗВОР: ТВ 21