Тексас: Тригодишно девојче нашло дома пиштол и случајно ја убило четиригодишната сестра

March 13, 2023
1 min read

Девојчињата биле во спалната соба без родителски надзор, кога тригодишното девојче пронашло наполнет полуавтоматски пиштол и испукало еден куршум кон својата сестра, рекол шерифот на округот. Девојчето починало на самото место

Тригодишно девојче пронашло наполнет пиштол во својот дом во Тексас и случајно ја застрелало својата четиригодишна сестра. Девојчето починало, пренесува Си-би-ес.

Шерифот на округот Харис Ед Гонзалес изјави дека инцидентот се случил вчера околу 20 часот и дека девојчињата биле во спалната соба во станот во Хјустон каде што живееле со своите родители. Со нив живееле и други членови на семејството.

Девојчињата биле во спалната соба без родителски надзор, кога тригодишното девојче пронашло наполнет полуавтоматски пиштол и испукало еден куршум кон својата сестра, рекол шерифот.

Откако го слушнале истрелот, родителите се упатиле кон спалната соба и го нашле четиригодишното девојче на подот. Девојчето починало на самото место. По инцидентот семејството веднаш повикало полиција и брза помош.

Окружното обвинителство на округот Харис по истрагата ќе одлучи дали некој од родителите или другите членови на семејството ќе се соочат со обвиненија. Истрагата сè уште е во прелиминарна фаза, рече шерифот.

„Кога детето ќе го загуби животот на овој начин, заедницата е засегната. Оваа трагедија е една од многуте што можеше да се избегне. Продолжуваме да испраќаме порака дека ова може да се спречи. Мора да бидете одговорен сопственик на пиштол и мора да го чувате на безбедно место. Тоа е повеќе од кажување на малите деца да не допираат пиштоли. Мораме да направиме малку повеќе. Има премногу вакви трагедии“,

рекол шерифот Гонзалес, пренесува Си-би-ес.

Фото: Илустрација / EPA-EFE/AARON M. SPRECHER

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Матурантите на протест пред МОН – бараат да им се скрати материјалот за државна матура

Следно

Бројот на летови во ЕУ се уште помал од периодот пред ковид-пандемијата

Latest from Blog

Памела Андерсон проговори за врската со Лиам Нисон, сите се зачудени: Тоа би била смртна казна (ФОТО)

Уште едно признание што го потврдува нејзиниот статус на филмска икона и фактот дека оставила сериозен белег во Холивуд. Но, додека камерите светкаа за наградата, публиката уште повеќе чекаше на нејзиниот коментар

Се разведе и „Колдплеј љубовницата“ (ВИДЕО)

52-годишната Кабот поднесе барање за развод помалку од еден месец откако видеото на кое се бакнува со својот шеф стана вирално. Сепак, се чини дека врската на двојката е нарушена веќе некое

Црн пантер повторно сее страв низ Бугарија- ловец во шума едвај се спасил

Средбата поминала без повреди, но експертите и мештаните предупредуваат на потенцијална опасност за луѓето, особено за децата, објави Блиц. Архитектот и ловџија Добрил Добрев бил на вечерна прошетка кога видел црн пантер

Трамп изјави дека е подготвен за втората фаза од санкциите против Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е подготвен да премине на втората фаза од санкциите против Русија, како дел од обидот на Вашингтон да изврши притисок врз Москва да склучи примирје

Омерагиќ: Табелата за Светско првенство, никогаш не изгледала поубаво!

Фудбалската репрезентација на Македонија ја декласира Лихтенштајн со 5-0 во септемврискиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 и се врати на врвот на табелата во групата. Победата е значајна за националниот тим
Go toTop