Тејлор Свифт најави документарец за турнејата „Ерас“

October 14, 2025
1 min read

Заедно со документарецот „Крајот на една ера“ (The End оf аn Era), таа најави и концертен филм за турнејата – насловен „Последното шоу“ (The Final Show), и сѐ тоа – околу една седмица по објавувањето на нејзиниот 12. студиски албум „The Life Of A Showgirl“ (Животот на една шоугерла).

Во промотивното видео, пејачката вели: – Луѓето сакаат да зборуваат за феномени, небаре е толку просто, како туку-така да се случило. Турнејата „Ерас“ не беше ни одблиску толку едноставна. Оваа турнеја е токму она кога секој од нас, кој направи толку многу труд – туркајќи сантиметар по сантиметар, стигна до таму каде што сите се здруживме.  Ги срушивме сите рекорди што можете да ги срушите со оваа турнеја. Единственото нешто што останува е да ја затвориме книгата.

Музички ѕвезди, меѓу кои Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Флоренс Велч и Грејси Абрамс, се појавуваат во видеото.

„Тоа беше крај на една ера и ние го знаевме тоа. Сакавме да го запомниме секој миг што водеше до кулминацијата на најважното и најинтензивното поглавје од нашите животи, па затоа им дозволивме на филмските работници да ја снимаат оваа турнеја и сите приказни вткаени низ неа додека таа се одвиваше. И, да го снимиме последното шоу во целост“, напиша Свифт до објавата.

Документарната серија првпат беше најавена во американската емисија „Добро утро, Америка“ (Good Morning America). Турнејата на Свифт навистина урна повеќе рекорди, па пејачката-милијардерка влезе во историјата и како прв солоуметник што настапи на стадионот „Вембли“ во Лондон осум пати на една турнеја. 

Инаку, првите две епизоди од серијата и концертниот филм ќе бидат објавени на 12 декември. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Последните предупредувања на Хокинг до човештвото ако сака да преживее

Следно

Вкупно 1.341 набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

Latest from Blog

Како да препознаете личност која ви посакува зло: Ова ги принудува да ги покажат своите вистински лица

Ако се прашувате дали во ваша близина има личност која ви посакува зло, можеби ќе треба подобро да ги согледате некои од следниве знаци. Бидете внимателни! Веројатно во животот сте научиле дека

Пелегрини: Ја критикувам ЕУ дека постојано ви се поставуваат нови услови, не треба интеграцијата да се злоупотребува со политички спорови

Словачка е голем поддржувач на евроинтеграциите на вашата земја и целосно ќе го поддржи пристапувањето, затоа што тоа е вистинската перспектива и вистинскиот начин на којшто ќе се напредува. Но ЕУ не

Младинците блеснаа – Македонија со 9:0 го прегази Гибралтар и оди во елитна фаза!

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години оствари историски успех, пласирајќи се во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, откако денеска во Турново го декласираше Гибралтар со убедливи 9:0. Избраниците на селекторот

Коњановски: Во секое маало – парк, зелено катче и детска игра

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, најави дека градот продолжува со засилената динамика на уредување нови зелени површини и создавање современи простори за рекреација и одмор. „Зад мене е новиот
Go toTop