Театарска атракција со претстава на 2218 метри надморска височина на Пелистер

August 9, 2025
1 min read

Љубителите на планината, природата и театарската уметност ќе имаат ретка можност, 26 – тата изведба на претставата “Ноќта кога ја убив месечината” да ја проследат вечерва, на 9 август, на Големо Езеро, на Пелистер на надморска височина ид 2.218 метри.

Вечерва на небото над Големо Езеро ќе имаме егзактно полна месечина и актерите ќе настапат на природна сцена. Јавната установа Национален парк Пелистер, во соработка со Народниот театар – Битола и Битолскиот камерен оркестар, со поддршка на Општина Битола, организира уникатен културен настан на несекојдневна локација – театарска претстава на отворено.

Под светлината на полната месечина, публиката ќе има можност да ја проследи драмската претстава во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во претставата заедно со актерот Александар Копања. Музиката за претставата ќе биде во живо во изведба на членови од Битолски камерен оркестар. Претставата отвора суштински теми за човековата егзистенција, осаменоста, слободата, маските што ги носиме и загубените вредности во современото општество. Тоа е психолошка и филозофска драма која патува од интимно до општествено, од реалност до апсурд.

Детали за настанот:
Локација: Големо Езеро, Пелистер (2.218 м.н.в.)
Време на почеток: 21:30–22:00 часот
Времетраење: До полноќ
Изведба на отворено под полна месечина
Посетата е со претходна пријава, бројот на посетители е ограничен
Пристап до локацијата:
По некатегоризиран пат (15 км) од Информативниот центар на Пелистер (1350 м.н.в.)
Или , по патека од С. Ниже Поле преку Дебел рид, со тежина од втора категорија.

Важно за посетителите:
Поради специфичните природни услови и безбедносните протоколи (вклучително и важечката забрана за движење во шума), присуството е дозволено само со претходна најава, независно од начинот на пристап.
Се препорачува соодветна планинарска опрема: Високи обувки, повеќеслојна облека (јакна, капа, ракавици), челна ламба и кутија за прва помош. Храна и минимум 2 литри вода.
Температурите за време на настанот ќе се движат меѓу 11–13°C.

Пријавување и дополнителни информации:
Телефон: 070312214

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и исклучително топло време, температури до 38 степени

Следно

ФАО: Силна побарувачка од Кина и САД го крева светскиот индекс на храната

Latest from Blog

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“

Заврши состанокот на Зеленски со европските лидери – Макрон: Европа има многу „карти во своите раце“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја заврши билатералната средба со британскиот премиер Кир Стармер и ја напушти канцеларијата на британскиот премиер. Украинскиот претседател сега патува за Брисел, каде што ќе се сретне со

Магла на Ѓавато и Пресека, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека. -На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури
Go toTop