ТЕАТАРОТ НЀ ЧУВА, ЧИСТИ, НЀ РАЗБУДУВА, ВЕЛИ ЕМИЛ РУБЕН ВО ПОРАКАТА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ

March 27, 2025
2 mins read

„Театарот е сон, театарот е живот. Театарот чува, чисти, лета, сонува, нè разбудува. Сакајте го театарот, сакајте го животот, вели театарскиот, ТВ и филмски актер Емил Рубен, автор на македонската порака во чест на Светскиот ден на театарот, 27 Март. Денеска сите претстави во Македонија и во светот ќе почнат со читање на националната и на светската порака.

„Се будам, приоѓам до прозорецот, погледнувам – часовникот сè уште не работи. Поставен е на висок столб кај влезот во Паркот на улицата со историско име Булевар Илинден. Никој не го поправа, не го покренува еве веќе трета година. Дали стои и чека да стане главен протагонист во некоја театарска претстава, па да раскажува за луѓето кои секојдневно се движат под него по булеварот Илинден и влезот на Градскиот Парк? Одам низ паркот и ги здогледувам дедото и внукот, внукот има три години. Мало дете, а збори многу но не кон дедо му: збори, трча, вика, се смее, клекнува, слуша, одговара. Се доближувам и здогледувам пеперутка. Таа го напаѓа штотуку расцутениот цвет, а детето го брани цветот и ја брка пеперутката подалеку. Двете верверички кои весело трчаат горе долу по дрвото запираат со играта, гледаат во детето и мавтаат со опавчињата. Сево ова го виде и гавранот па долета до детето. Детето му рече: а Гавро, убаво ја избркав пеперутката?! Гавранот штракна со клунот. Виде ли дедото театар создаден од неговиот тригодишен внук!“, вели Рубен и продолжува:

„Одејќи по паркот наидов на мала дива депонија – расфрлено ѓубре, конзерви, шишиња, скинати весници, лушпи од семки, недојадени сендвичи… Еден човек се движи по ѓубрето. Зема конзерва, студиозно ја разгледува и ја става на страна, другата исто така. Зема шише, го гледа и си мисли – дали е испиено за жалост или за радост. Го става на страна, другото исто така. Весниците не ги тутка, прво ги разгледува па ги дипли правилно. Недојадениот сендвич прво ќе го баци па ќе го стави во ќесе. На секој отфрлен предмет човекот како да му го бараше минатото и спасувајќи го од немилосрдното дефинитивно уништување како да сакаше да му го продолжи животот. Театар ли гледам јас! На човека му треба чист воздух. Во градот го нема премногу. Затоа се искачува кон врвот на планината, си мисли горе полесно се дише а и погледот допира подалеку. Од врвот се гледа целиот град како на дланка. – Ах кога би имал крила па да полетам, си помисли човекот. – Зошто не, во театарот велат СИТЕ СМЕ ПТИЦИ, еве ми крила. И полета човекот како птица. Лета, лета и вели КОЛКУ Е БЛИСКУ СОНЦЕТО“.

„А долу бучи градот – автомобили прегреани, луѓе разодени, зафатени, слободни, тажни, весели, деца растрчани, кучиња расшетани… Во миг јасно го здогледува младиот човек кој се симнува од својот велосипед, го остава, го зема старецот под рака и му помага да ја премине улицата, безбедно на пешачкиот премин. Сонувам како се будам. Приоѓам до прозорецот и погледнувам – часовникот на булеварот Илинден – работи. Сонувам ли, јаве ли е! Некој мајстор по име Театар го поправил“, вели во пораката Рубен, еден од доајените на Македонскиот народен театар (МНТ).

Автор на меѓународната порака за Светскиот ден на театарот е грчкиот режисер Теодорос Терзопулос, професор, автор, основач и уметнички директор на Аттис – Театарска компанија, кој меѓудругото вели:

„Во свет преполн со дезинформации, сцената ги повикува публиките да се соочат со тешки прашања наместо да се повлекуваат во идеолошка удобност. Ова бара да ги надминеме традиционалните сценски простори и да се вклучиме во заедниците – во училишта, јавни простори и дигитални форуми каде што најжестоко се борат спротивставените наративи. Не е доволно да се проповеда од сцената: мора да ја сретнеме публиката каде што е таа, нудејќи приказни што ги предизвикуваат нивните претпоставки и провоцираат разговор“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

[Видео] Д-р Врчаковски: Ако сте најголем пријател на пријателот не го примајте преку ред. Никогаш!

Следно

Од спомени до боја: Горан Боев и патот до искреното сликарство на изложба во КИЦ Скопје

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop