Во текот на три години, дуото оштетиле околу сто ресторани со тоа што не ги платиле сметките. Нивните постапки не биле резултат на сиромаштија – била добро испланирана измама.
Во рестораните се однесувале како вистински гости – нарачувале целосен оброк, вклучувајќи мезе, главно јадење, десерт и шише вино. Сметките најчесто биле меѓу 80 и 150 евра. Кога ќе дојдеше моментот на плаќање, картичката „наеднаш“ ќе престанела да работи, а таткото ќе се извини и ќе објасни за технички проблеми. Синот потоа ќе отиде до банкомат, каде што истото сценарио ќе се повтори, објави Баку.
Во знак на добра волја оставале лична карта или здравствено осигурување како гаранција дека ќе го вратат долгот, но никогаш не се вратиле. Тие не ги избирале рестораните по случаен избор – таткото внимателно ги проучувал прегледите и барал локации познати по пријателски персонал, што им овозможило да ја направат измамата повеќе од еднаш.
Дополнително, по секоја измама, таткото пријавувал кражба на лични документи и добивал нови, што би им овозможило повторно да измамуваат во други ресторани.
Иако многу сопственици на ресторани не реагирале веднаш, приказните за необичното дуо почначе да се шират меѓу рестораните. На крајот, полицијата започнала истрага, ги идентификувала и ги уапсила таткото и синот, со што завршила нивната турнеја со измама со „храна“.
Извор: vecer.mk


