Таравари: Ако истрагата потврди дека починатото бебе било одбиено да се хоспитализира, ќе барам лична одговорност

October 6, 2024
1 min read

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека била одбиена хоспитализација на бебето кое вчера почина на Детската клиника. Тој е запознаен со случајот, но детални информации очекува од Комисијата за стручен надзор која утре ќе ги истражува двете клиники каде што било лекувано бебето. Како што напомена Таравари, кој и да е виновен, ќе мора да сноси одговорност.

„Вратено било, за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште денес да судам како било. Дозволете компетентните органи да испитаат сѐ во детали. На крајот некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи. Дојдени биле двајца анестезиолози вечерта кога починало детето, имало обид да се интубира, но со ниска сатурација и аритмија било проблем“, изјави министерот пред почетокот на 2. конференција на Женското собрание на Алијансата за Албанците.

Таравари тврди дека сите што биле на смена кога починало бебето се стручни лица. Истакна и дека наследиле здравствен систем во кој се случуваат вакви работи, како и дека не можат преку ноќ да го средат тоа.

На Клиниката за детски болести вчера почина 14-месечно бебе. Министерството за здравство соопшти дека ќе иницира комисија за стручен надзор на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле и на Клиниката за детски болести за да се утврдат причините за смртта.

„Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација.Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта“, наведе Министерството.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било лекувано, на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле, каде претходно се лекувало и на Клиниката за детски болести. За да се утврди дали имало пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари ќе ја чека истрагата – смртта на 14 месечното девојче, последица од небрежност?!

Следно

Пеп Гвардиола ќе го напушта Сити?

Latest from Blog

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги
Go toTop