Тајната за среќна и долготрајна врска се крие во една едноставна работа

October 28, 2025
1 min read

Психологот Марк Траверс објаснува два начина на кои смеата може да ја подобри секоја врска.

1. Ја зајакнува емоционалната блискост и чувството на поддршка

Во блиските односи, не се клучни големите гестови, туку малите, честопати незабележливи моменти што ги поврзуваат партнерите. „Еден од тие моменти е споделената смеа. Студија од 2015 година покажа дека паровите кои често се смееле заедно за време на разговорите се чувствувале уште поповрзано“, изјавува Траверс за Psychology Today.

Таквиот хумор не е само знак за добра врска, туку и клучен елемент од неа – покажува дека партнерите го доживуваат светот на сличен начин и чувствуваат блискост и разбирање еден кон друг. „Кога двајцата искрено реагираат со смеа на истиот поттик, тоа го зајакнува чувството на заедништво и доверба“, додава психологот.

2. Го зголемува задоволството и квалитетот на врската

Позитивните ефекти од заедничката смеа се протегаат подалеку од самата блискост. Кога смеењето е честа појава во врската, тоа ја обликува нејзината емоционална атмосфера и ја прави попријатна. „Ваквите моменти стануваат дел од споделените спомени кои имаат долгорочно влијание врз тоа како партнерите ја доживуваат својата врска – како извор на среќа или товар“, вели Траверс.

Истата студија покажа дека паровите кои се смееле заедно почесто ги оцениле своите односи како поквалитетни и позадоволни. „Ова покажува дека заедничкото смеење може да придонесе за среќа во врската, независно од другите фактори. Малите моменти на смеа ги потсетуваат партнерите дека радоста е сè уште присутна и дека нивната поврзаност се одразува дури и во секојдневните, обични моменти“, заклучува психологот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Синот на Никола Саркози и неговата сопруга со црногорско потекло станаа родители

Следно

Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

Latest from Blog

Енергетските лидери во Скопје: започна 14-тиот Глобален форум за одржлива енергија (IFESD-14)

Скопје до 30 октомври е домаќин на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој – IFESD-14, под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“. Форумот годинава привлече

Без одговор од НИС за блокираните милион барели казахстанска нафта за Србија

Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е под санкции од САД поради мнозинско руско сопствеништво, не коментираше засега за наводната блокирана испорака на околу милион барели казахстанска нафта наменета за компанијата, доставена

Буфон: Јувентус ретко ќе губи со Спалети

Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон, ја изрази својата поддршка за својот поранешен соиграч Лучијано Спалети, кој е фаворит да го замени Игор Тудор на функцијата менаџер. Јувентус во понеделник
Go toTop