Тајмс: Постигнат царински договор меѓу Британија и ЕУ

February 1, 2023
1 min read

Велика Британија и Европската унија постигнаа царински договор што би можел да го отвори патот за крај на повеќегодишните расправии околу Северна Ирска по Брегзит пред две години.

Според Тајмс, Брисел го прифатил предлогот со кој би се избегнала потребата од рутински проверки на производите наменети за Северна Ирска.

Соопштено е дека ЕУ за првпат призна дека Европскиот суд на правдата може да одлучува за прашања поврзани со Северна Ирска само доколку случајот го предале северноирските судови, додека претходно Брисел инсистираше на тоа дека Европската комисија треба да може да ги презентира случаите директно на суд.

Тоа се смета за критичен чекор кон ставање крај на ќорсокакот околу протоколот за Северна Ирска, кој настана по стапувањето на сила на аранжманите по Брегзит пред две години.

„ЕУ многу се помести од првобитната позиција во договорот. Овој договор нема никого да одушеви, но се надеваме дека ќе ги задоволи сите“, изјави извор од бриселскиот Тајмс.

Во однос на царината, договорот во голема мера се заснова на предлозите на Лондон за систем на зелени и црвени ленти.

Стоката наменета за Северна Ирска ќе биде дозволена без рутински проверки, додека стоката за понатамошен извоз во Република Ирска ќе биде подложена на царински формалности во северноирските пристаништа.

Податоците за движењето на возилата ќе бидат споделени со ЕУ, а Британија ќе се согласи да ја истражи секоја сомнителна активност. Даунинг стрит соопшти дека договор не е постигнат и дека на него се работи „интензивно“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тајван подигна борбени авиони, активираше ракетни системи, морнарицата е во состојба на готовност

Следно

Во црква надвор од Тетово црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop