Светски познатото турско кафе се издвојува и по начинот на подготовка

December 5, 2024
2 mins read

– Халис АКЈИЛДИЗ

Турското кафе, кое е познато низ светот со својот уникатен вкус, мирис и обилна пена, се издвојува и со своето готвење и презентација, пишува Анадолу.

Турското кафе е вклучено на листата на нематеријално културно наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) на 5 декември 2013 година. Од овој датум, 5 декември секоја година се слави како Светски ден на турското кафе со цел да се заштити културата и традицијата на турското кафе.

Турското кафе, кое со својот мирис и вкус е меѓу незаменливите нешта за љубителите на кафе, познато е како едно од најпосакуваните кафиња поради неговиот ароматичен вкус.

Јунус Чакмак, кој изведува обуки за кафе во Бакиркој, на дописникот на АА му зборуваше за процесот на подготовка и варење на пенесто турско кафе.

Чакмак истакна дека постојат одредени правила за подготовката на турско кафе, додавајќи дека водата мора да биде квалитетна, опремата мора да биде многу добра и да не се користат бајати зрна кафе.

– 98 % од турското кафе се готви неправилно

Наведувајќи дека 98 % од турското кафе кое се служи во Туркије се готви и вари погрешно, Чакмак нагласи дека кафето треба да се подготвува од свежо мелени зрна.

Зборувајќи дека изведува обука за готвење и варење турско кафе, Чакмак продолжи со зборовите:

„За да се направи пенесто кафе со неговиот уникатен вкус и мирис, првенствено кафето мора да биде свежо. Второ, ѓезвето за кафе што ќе го користите треба да биде сребрено одвнатре и бакарно однадвор. За вкусно турско кафе потребна е добра опрема, кафето да биде свежо сомелено и веднаш ќе се зготви. За подготовка на турско кафе нема одреден тип зрно. Ова е единствен пијалак кој се консумира со неговиот талог. Времето за готвење не треба да надмине 2,5 минути и кога ќе почне да врие, истурете го во чашата.“

Чакмак рече дека тацната во која ќе се служи турското кафе треба да биде широка, а филџанот да биде мал и тесен, и да се служи со вода или минерална вода. Тој предложи да се консумираат најмногу 3 филџани кафе на ден.

Објаснувајќи дека турското кафе, кое се пие специјално на традиционалните церемонии на просидба, на традиционалните состаноци, при склопување големи зделки, во семејни средини и на свадбите, Чакмак појасни дека начинот на подготовка на кафе се разликува во секоја турска област и додаде:

„На пример, во еден регион во Анадолија, посипуваат ф’стаци, нарекувајќи го флертувачко. Во Хатај го нарекуваат витешко кафе, а станува збор за темното подготвено кафе кое го сервираат во чаша за чај. Покрај турското кафе најмногу одговара чаша вода и двојно печен локум.“

– На кафето не треба да се додаваат ароми

Чакмак за додавањето разни елементи во турското кафе, кое се служи како „кафе за младоженецот“ на церемонијата за барање невеста, рече:

„Во турското кафе не се додаваат надворешни адитиви. Гледам кафиња со арома, како мастика или каранфилче. Ако сакате да додадете вкус во турското кафе, можете да додадете стапче цимет, каранфилче, кардамон. Не треба да се додаваат хемиски и прашести ароми. На церемонијата за барање невеста, во кафето на младоженецот се става сол, но и тоа веќе не е така, се смени. Додаваат лути сосови или црн пипер. Нека не го прават тоа. Најдобро е да се напиете обично турско кафе. Не треба да се консумира со малку млеко или со шеќер.“

Потенцирајќи дека на турското кафе не му се посветува потребното внимание, Чакмак истакна:

„Имаме повеќе машини од повеќето места во Европа, сѐ правиме добро, им обраќаме внимание, но не му обраќаме внимание на турското кафе. Кога одите во Грција или Франција, во квалификувано кафуле пиете многу убаво турско кафе. Вам во Панама ви прават турско кафе од гејша или од сидра во Колумбија, но не го прават од рио минас како нас. Зрното именувано како рио минас е најпосакуваното зрно кафе во Туркије“, коментираше Чакмак.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 22 Палестинци се убиени во новите израелски воздушни напади во Газа

Следно

Корупцијата останува врвен проблем за граѓаните

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop