Султан Ал Нејади, првиот арапски и муслимански астронаут во вселенска прошетка

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Потпретседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мухамед бин Рашид Ал-Мактум, го објави успехот на емиратскиот астронаут Султан Ал Нејади, кој стана првиот Арап кој изведе вселенска прошетка на Меѓународната вселенска станица, јавува Анадолу.

„По три години интензивни тренинзи, денес се одбележа историскиот момент, Султан Ал Нејади тргна на својата прва вселенска прошетка. За време на оваа мисија тој инсталираше нови компоненти и ја одржуваше Меѓународната вселенска станица, со што стана првиот астронаут од Емиратите, првиот Арап и првиот муслиман што одел во вселената“, рече шеикот Мухамед.

НАСА го потврди успехот на мисијата на Ал Нејади и астронаутот на НАСА, Стив Боуен, која траела речиси седум часа.

„Боуен и Ал Нејади поставија кабли и изолација на држачите на монтажните носачи на десниот блок на станицата за инсталирање на следниот пар соларни низи на Меѓународната вселенска станица (iROSA)“, соопшти НАСА.

Тоа беше 261-та вселенска прошетка за склопување, надградба и одржување на вселенската станица, осма вселенска прошетка за Боуен и прва за астронаут од ОАЕ.

Обединетите Арапски Емирати ја започнаа својата астронаутска програма во 2017 година за обука и подготовка на тим од Емиратите за испраќање различни научни мисии во вселената.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Заврши сезоната или заврши кариерата на Златан Ибрахимовиќ?!

Следно

Грковска очекува надлежните да покренат постапки за случувањата во Судскиот совет

Latest from Blog