Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава

November 19, 2025
1 min read

Судскиот совет на денешната 531. седница ги разгледа извештаите за работата на судовите за третиот квартал од 2025 година, кои покажуваат дека судовите ширум земјава и понатаму се соочуваат со значителен број на заостанати предмети, како и со недостиг на судии и судски службеници.

Како што беше посочено од страна на членот на Советот, Антоанета Димовска, основните судови во Прилеп, Ресен и Делчево се оценети како ажурни, додека судовите во Струга, Штип, Берово, Виница, Радовиш, Свети Николе и Струмица имаат значителни заостанати предмети и недостиг на судии. Основниот суд Струмица е со најголем број – вкупно 817 заостанати предмети.

Членовите на Советот нагласија дека речиси сите судови во државата се соочуваат со идентичен проблем, а тоа е недостиг на судии и судска администрација.

Членот на Советот, Ивица Николовски, предупреди дека долготрајната нефункционалност на системот ја намалува довербата на граѓаните и ја отежнува испораката на навремена и квалитетна правда.

Николовски повика на суштински разговор со Министерството за правда за заедничко надминување на системските слабости, подобрување на ресурсите и ревидирање на судската мрежа.

За решавање на наталожените проблеми, Николовски порача дека потребна е политичка волја и координација на сите три власти, нагласувајќи дека „долгата правда не е праведна“ и дека без вистински ресурси и нормативни решенија судството не може да ги исполни европските стандарди.

Советот донесе и одлука за продолжување на мандатот на 14 судии кои поднеле изјава за продолжување на судиската функција.

На седницата беше истакнато и дека огласите за избор на претседатели на основните судови во Берово, Делчево и Радовиш ќе бидат повторно распишани, бидејќи по претходниот конкурс не се јавил ниту еден кандидат.

Советот, исто така, донесе одлука за објавување оглас за избор на претседател на Управниот суд, како и за избор и разрешување судии-поротници во Основниот суд Берово, а по барање на судија на Основен граѓански суд Скопје, беше донесена и одлука за мирување на судиската функција.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Народната банка на Србија доби предупредување за воведување на секундарни санкции поради НИС

Следно

Кога перете зимска јакна, ОВА е клучно: Еве што да ставите во машината за да биде како нова

Latest from Blog

„Меморија“ го затвора кругот со досега невиден концертен времеплов во МКЦ: 24 музичари од сите постави на бендот ќе ротираат на сцената таму каде што се’ започна

„Меморија“ го затвора кругот со досега невиден концертен времеплов во МКЦ: 24 музичари од сите постави на бендот ќе ротираат на сцената таму каде што се’ започна Легендарната македонска поп-рок група „Меморија“

Откриени над 200 украдени возила во Грција во рамките на европска операција за борба против организираниот криминал

Вкупно 231 украдено или возило со фалсификувани податоци и документи, било откриено во Грција во рамките на заедничката европска операција со учество на 23 земји меѓу кои и нашата за борба против
Go toTop