Судир со над 200 километри на час: Драматични сведоштва на патниците по тешката железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
1 min read

Регионалните власти во Андалузија се соочуваат со огромен притисок поради размерите на тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на местото Адамус, изјави претседателот на Андалузија, Хуан Мануел Морено. Тој оцени дека станува збор за „досега незабележана катастрофа“ која ги надминала капацитетите на локалната администрација.

Морено ја нагласи потребата од целосна координација меѓу општинските, покраинските и државните институции, со единствена цел – навремено да се стигне до погодените и да им се обезбеди помош. Настанот го опиша како „страшно тажен и болен“, кој, според него, ќе остави траен белег во Андалузија.


Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој се обрати во близина на местото на несреќата, изрази сочувство до семејствата на настраданите и им се заблагодари на итните служби за нивната пожртвуваност. Тој најави тридневна национална жалост, која ќе започне на полноќ и ќе трае до четврток, и вети целосна транспарентност во истрагата.

– Ќе дојдеме до вистината и ќе ги пронајдеме одговорите, порача Санчез.


Сведоштвата на патниците ја отсликуваат драматичноста на несреќата. Една млада жена изјави дека возот се накривил на страна, по што „сè потонало во мрак“, а единственото што го слушала биле крици. Таа била извлечена низ прозорецот од други патници, додека нејзината сестра ја спасиле пожарникарите. Според неа, имало лица со лесни повреди, но и тешко повредени, за кои било јасно дека се во животна опасност.

Друг патник, Лукас Мериако, кој се наоѓал во петтиот вагон, опиша дека прво почувствувале вообичаено удирање по шините, по што вибрациите станале силни. Во моментот кога друг воз поминал во спротивен правец, следел силен удар, се искршиле прозорците, а патниците биле фрлени на подот.


Според последните информации од итните служби, 12 повредени лица сè уште се на одделите за интензивна нега, од кои девет се во тешка состојба. Досега од болниците се отпуштени 79 лица, додека 43 сè уште се на болничко лекување.

Извори од шпанското Министерство за транспорт наведуваат дека во моментот на сударот двата воза се движеле со брзина од околу 200 километри на час. Возот „Ирио“, кој прв излетал од шините, се движел со 204 км/ч, додека вториот воз со околу 209 км/ч. Сударот се случил за помалку од 30 секунди откако првиот воз излетал од шините.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Водици обедини над 400 верници низ Прилеп и населените места

Следно

Дали Сенегал ќе остане без титулата? Инфантино: „Неприфатливо е играчите да го напуштат теренот!“

Latest from Blog

ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР ЗА НИС: Русите и Унгарците испреговараа, Србија го зголемува својот удел

Унгарската компанија МОЛ и рускиот Газпром се согласија за основните одредби од идниот договор за купопродажба на НИС, кој ќе биде испратен до американскиот ОФАК за одлука, а Србија исто така го

Проданоски: Водици обедини над 400 верници низ Прилеп и населените места

Над 400 верници денеска учествуваа во традиционалното фрлање по светиот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици 2026, на територијата на општина Прилеп. Празнувањето започна со утрински богослужби во православните

Водици во Пробиштип: Давид Демјанов и Стефан Наков го извадија светиот крст

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во општина Пробиштип традиционално се одржа фрлањето на светиот крст во осветените води во Злетово и во Аква паркот во Пробиштип. Во Злетово, најсреќен
Go toTop