Судир на камион и патничко комбе на автопат во Мексико, загинаа најмалку 13 лица

May 15, 2023
1 min read

Фотографиите што ги споделија локалните власти покажуваат целосно изгорено патничко комбе и оштетен камион

Вчера во Мексико најмалку 13 лица загинаа кога патничко комбе и камион се судрија на автопат, соопштија локалните власти. Возилата се судриле на патот меѓу градовите Сарагоса и Хидалго во пограничната држава Тамаулипас, пишува Франс прес.

Фотографиите што ги споделија локалните власти покажуваат целосно изгорено патничко комбе и оштетен камион. Бројот на жртви може да се зголеми, соопшти државното обвинителство, бидејќи има индиции дека загинал и возачот на камионот и дека во моментот на несреќата со него било и неговото семејство.

Локалните медиуми јавуваат дека во инцидентот животот го загубиле 20 лица. Според медиумите, во комбето биле членови на едно семејство кое го изнајмило за да стигне до градот Монтереј во Веракруз. Во последниве години, во Мексико има повеќе сообраќајни несреќи. Најчести причини се преголемата брзина при возење, лошите услови или заморот на возачот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурињо е горд на „фантастичната“ сезона со Рома

Следно

(ФОТО) Поплави во југозападна Хрватска, евакуирано население, прекини во струјата

Latest from Blog

Во Казахстан денеска референдум за нов Устав, што ќе ја зајакне моќта на претседателот

Според предлогот, двата дома на казахстанскиот Парламент би се споиле во еден и би му дале право на претседателот да ги назначува сите владини функционери, вклучително и повторно воведување на функцијата потпретседател.

Мајорка со пресврт до домашен триумф

Екипата на Мајорка во приот денешен дуел од програмата во шпанска Примера на свој терен успеа да го совлада Еспањол со 2:1. И тоа со пресврт откако гостите преку Пикел поведоа со
Go toTop