Судењето за „Онкологија 2“ започна одново

November 20, 2025
1 min read

Судењето за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје започна од почеток поради промена на поротник. На денешното рочиште странките останаа на воведните зборови и се согласија исказите на досега испитаните сведоци да бидат прочитани, по што процесот продолжи со сослушување на сведоци.

Во воведниот збор, бранителот на обвинетиот Никола Васев денеска додаде дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не претставуваат кривични дела, туку, како што рече, административни постапки согласно законските акти, за кои биле задолжени други работници во клиниката, а не директорите. Тој побара обвинетиот да биде ослободен од обвинение.

Обвинети во случајот се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска го застапува обвинението, кое беше одобрено во јуни годинава.

Според обвинението, Васев и Нухи во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра.

Двајцата обвинети ја негираат вината, тврдејќи дека обвинението е неосновано и политички монтирано, засновано врз економско вештачење од лица кои и самите се инкриминирани.

Покрај „Онкологија 2“, против Васев и уште двајца лекари се води и друг процес – „Онкологија 1“, за несовесно лекување пациенти.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Рударството како стратешки ресурс: голем извоз, малку домашна преработка

Следно

Науката открива: Првиот бакнеж се случил пред повеќе од 20 милиони години

Latest from Blog

Фото: Совршената Џенифер Лопез

56-годишната актерка и пејачка – која неодамна стана глобален амбасадор на компанија за дијаманти – го покажа своето деколте во фустан без прерамки. Фустанот имаше црн кадифен панел во форма на песочен

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ прогласен за еден од најдобрите според The Bizz Award

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид ја доби меѓународната награда The Bizz Award, најпрестижното глобално признание за деловна извонредност што го доделува World Confederation of Businesses (Worldcob). Наградата е признание не само

Науката открива: Првиот бакнеж се случил пред повеќе од 20 милиони години

И праисториските неандерталци веројатно се бакнувале на романтичен начин, според ново истражување. Имено, првиот бакнеж се случил пред најмалку 20 милиони години, објави „Гардијан“. Новите откритија говорат дури и дека можеби тој

Рударството како стратешки ресурс: голем извоз, малку домашна преработка

Рударството и металургијата со години се меѓу индустриските гранки што обезбедуваат значаен дел од извозот на Македонија. Често во сенка на други економски теми, статистиката покажува дека рударските компании имаат значајно влијание

Напредува проектот Прилеп–Битола, Николовски најави завршување до 2028

Изградбата на автопатот Прилеп–Битола се одвива со силно темпо и согласно предвидената динамика, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски. Тој нагласи дека реализирањето на овој стратешки проект е
Go toTop