Стојаноски: Ковачевски првин навредува пратеничка, а потоа во неговите лаги свесно си го вплеткува сопственото семејство

February 28, 2023
1 min read

Разговараме по точката за разрешување на заменици министри кои како и се до сега никој ниту знае како изгледаат, ниту па по 13 месеци од Владата некој може да каже зошто овој народ ги плаќал овие луѓе, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница.

„Прво самото читање на книга од страна на премиерот во Собранието додека говорат пратениците покажува на неговата одвратна непочит кон институцијата Собрание и спрема институцијата пратеник. Навистина не знам што е следно од човек кој чита книга додека пратениците говорат, додека навредува, додека шета низ салата и додека брутално навредува пратеничка оценувајќи го нејзиниот физички изглед“, рече Стојаноски.

Тој додаде дека срамота е кога се лаже и кога во лагите свесно го вплеткувате вашето семејство.

„Тоа што некој го спомнува одреден член на вашето семејство кој во случајот е ваша сопруга за одредени вложувања требало да размислувате пред да ги давате тие изјави дека некој сам влегол во бизнисот и сам вложил средства, а за тоа дека некој ви нарачувал видеа на Тик-Ток во 2022-та година во Јули месец е таква нецивилирана и некултурна изјава што е навистина дно да се коментира“, вели Стојаноски.

Стојаноски посочи една работа, а тоа е човекот што го набедувате дека ги нарачал тие снимања треба Ковачевски да го праша Олвиер Спасовски зошто под посебна оперативна кампања полицијата и единицата „Алфи“ го набљудувало неговото семејство и неговите малолетни деца, а потоа да разговарате за тоа кој нарачувал и кој конструирал видеа на Тик-Ток за нечиј малолетни деца.

„Најголема лага во вчерашното ваше експозе беше тоа дека вие не разрешувате од политички причини. Вчера вашите колеги за да му купат време на Али Ахмети да дојде во 21 часот во Собранието се јавува по 8 – 9 реплики кон пратеник, а денеска ги нема заради тоа што стопанот денеска не треба да дојде во Собрание, вашиот премиер и газда нема обврска да дојде во Собрание и затоа вас ве нема и ќутите“, потенцираше Стојаноски.

Тој е дециден дека пратениците од власта излегуваат за реплика само кога ќе им дадат насока на копче.

„Во текот на вчерашниот ден докажавте дека од онаа СДСМ која ја знаеа граѓаните во 90-тите или во раните 2000-ти останала партија која е само слеп послушник на газдата од Зајас, на стопанот од Зајас и тајкунот од Чаир. Чекате и седите какви насоки ќе ви дадат тие“, изјави Стојаноски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Карпош ќе учествува во проект за инвестиција во фотоволтаици во две основни училишта

Следно

Мета: Депопулацијата е национална рана, да ставиме крај на оваа драма, не сакаме празна Албанија

Latest from Blog

Комерцијална банка и Алкалоид со најголем неделен промет, МБИ10 со раст од 0,09%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 3 до 7 ноември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 410 трансакции, со вкупна

Лука Модриќ е играч на месецот во Серија А

Формата е минлива, класата е вечна. Така некако оди фразата која што ги опишува сериозно добрите спортисти што постигнале огромни успеси во кариерите, а потоа и во зрели години и натаму импресионираат

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски апелира случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се истражи докрај. Овој случај, според Трипуновски, е показател дека

Коњановски на премиера на филм посветен на херојот Стив Наумов

Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, вечерва во Кино Манаки премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“. На проекцијата присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски,
Go toTop