Стисокот на раката открива многу повеќе одошто мислите

November 13, 2025
1 min read

Неочекувана поврзаност на стисокот на раката и страста.

Научниците откриле интригантна поврзаност помеѓу физичката сила и интимниот живот, и тоа благодарение на едноставен тест со стисок на рака. Резултатите објавени во списанието “Evolution and Human Behavior”, покажуваат дека начинот на кој некому му подавате рака може да открие многу повеќе одошто мислите.

Во студијата во која учествувале повеќе од 4.000 возрасни личности од САД, научниците го мереле стисокот на раката, силата на горниот дел на телото и ги анализирале нивните одговори за сексуалните навики. Се покажало дека мажите со посилен стисок на раката често имаат стабилни, долготрајни врски и повеќе сексуални партнерки во однос на тие со послаб стисок на раката. Кај жените е забележан сличен тренд, тие со поизразена  физичка сила, често имаат поактивен љубовен живот, иако должината на нивните врски не била поврзана со јачината на стисокот.

Стручните лица сметаат дека овие резултати имаат длабоки корени во еволуцијата.

Машката физичка сила отсекогаш била симбол на заштита и способност, што кај жените низ историјата давало чувство на сигурност. Сепак, забележуваме дека и жените со изразена сила често избираат поактивен и послободен пристап кон врските – објаснува водечкиот автор на студијата, д-р Каролин Смит.

Според еволутивната теорија, посилните мажи биле поуспешни во заведување на партнерките, додека посилните жени можеби сигнализирале здравје, самодоверба и виталност. Научниците истакнуваат дека силата не значи нужно доминација, туку често укажува на енергичност и повисоко ниво на самодоверба, особини кои многумина ги поврзуваат со привлечност.

Интересно е што истражувачите планираат и следна фаза на студијата, во која ќе испитуваат дали јачината на стисокот на раката укажува и на задоволство во врската, а не само на бројот на партнери. Едно е сигурно, следниот пат кога ќе се ракувате со некого, можеби за него ќе дознаете повеќе одошто сте очекувале.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Девојката родена без мозок наполни 20 години, докторите во чудо: Таа е голем борец (ВИДЕО)

Следно

Мицкоски на изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром

Latest from Blog

Европската инвестициска банка ќе ја засили поддршката за енергетските проекти во Македонија

Министерката за енергетика Сања Божиновска одржа работна средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт де Грут, кој во рамките на својата официјална посета на Македонија ја пренесе подготвеноста на Банката

Заврши рекордната блокада на Владата на САД

Потписот на претседателот Доналд Трамп го заврши најдолгото затворање на владата на САД во историјата. Трамп го потпиша клучниот буџетски закон неколку часа откако тој беше усвоен од Претставничкиот дом, долниот дом

Мицкоски на изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска (12:00) ќе присуствува на поставување камен темелник на изградба на нова спортска сала и втора фаза од доградба на нови простории во ООУ „Блаже Конески“ во
Go toTop