Стефковски: Го решаваме проблемот со канализацијата во Триангла

March 8, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска направи увид во градежните работи за изградба на фекална канализација во дел од Урбаната заедница Триангла.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

– Се решава долгогодишниот проблем со фекалната канализација на жителите од ул. Модест Мусоргски во Триангла. Утрово направивме увид во градежните работи на новата мрежа на фекална канализација која ја градиме на ул. Модест Мусоргски во Триангла. Со оваа инвестиција ставаме крај на долгогодишниот проблем кој го имаа жителите од овој дел на Триангла.

Инвестициите за реализација на проекти продолжуваат насекаде низ општина Гази Баба. Дополнително во завршна фаза е и проектната документација за реконструкција и ревитализација на целата улица Модест Мусоргски со изградба на тротоари. Општина Гази Баба од ден за ден станува подобро место за живеење. Со срце за нашата Гази Баба, напиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Последните единици на азербејџанскиот тим за спасување заминуваат од Кахраманмараш

Следно

Папата Франциск: Жените размислуваат поинаку од мажите, тие се ориентирани кон иднината

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop