Стефан Трпковски од денеска е вработен во општина Кисела Вода, Дауновиот синдром не е пречка

March 21, 2023
2 mins read

Стефан Трпковски од Скопје денешниот ден го започна малку поинаку од досегашните. Со градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, го потпишаа договорот за негово вработување и со тоа Кисела Вода го вработи првото лице со Даунов Синдром.

Видно возбуден, Стефан му раскажа на градоначалникот за своите таленти, за кошарката која била негова прва љубов, за модерните танци и освоеното второ место на Специјалната олимпијада за танцови игри, за пливањето кое веќе 10 години е негово хоби. Кажа дека се подготвува да плива на Параолимпијада во Берлин, каде задно со уште три други деца ќе ги брани боите на Македонија. Посака и во својата земја да постојат такви натпревари.

Истакна дека може да го постигне сето она што силно го посакува и дека е многу среќен што од денес ќе запознае нови колеги во Општина Кисела Вода, ќе извршува работни обврски, ќе почувствува дека општеството и нему му пружа еднакви можности како на останатите.

Градоначалникот Ѓорѓиевски денес ја отвори општината и за други лица со Даунов синдром. Десетина од нив, беа достојна помош на вработените на шалтерот каде има најголема фреквенција на луѓе. Издаваа документи, го следеа процесот на подготовка и архивирање на предметите, разговараа со странките… Сите тие се дел од здружението “Трисомија 21” од Скопје, кое веќе десет години работи на подобрување на квалитетот на живеење на лицата со Даунов синдром, чиј ден Светот го одбележува токму денес.

-Денес сме тука заедно со Стефан и уште десетина лица со Даунов синдром, кои на практичен начин покажаа дека можат да бидат рамноправни чинители во системот, дека можат да совладуваат вештини и да постигнуваат резултати. За жал, Дауновиот синдром, кој Светот денес го одбележува, во Македонија сѐ уште е табу тема. На овие простори, преовладуваат стереотипи, кои овие лица ги држат на маргините на општеството. Интересно и крајно полезно е да ги запознаеме, да видиме каква е желбата кај нив, со каква трудољубивост настапуваат кога треба да совладаат некаква вештина. Како локална самоуправа, која прави сериозни чекори во овозможувањето на еднакви услови за сите, Општина Кисела Вода презема крупни чекори во надминувањето на предрасудите и препознавањето на способностите на луѓето со Даунов синдром, рече првиот човек на општината. 

-Од денес, Стефан Трпковски е наш вработен. За него, ова е шанса да се афирмира како рамноправен член на заедницата. За останатите наши вработени и за нас како институција, ова е можност да се надминат евентуалните заблуди и самите да дадеме свој придонес во изградба на општество во кое е обезбедено подеднакво уживање на човековите слободи и права, општество во кое се почитува и уважува човековото достоинство. Воедно како Претседател на ЗЕЛС, сакам да упатам апел до сите останати единици на локалната самоуправа, но и до институциите од централната власт, да го следат нашиот чекор и да овозможат вработување на лица со Даунов синдром. Заложбите за еднаков третман на различностите не смеат да бидат само декларативни. Со дела да покажеме дека сме подготвени да го менуваме светот на подобро, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски по средбата со лицата со Даунов синдром. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голема акција за апсење во БиХ и Словенија поради перење пари

Следно

Гризман би можел да ја напушти репрезентацијата на Франција по назначувањето на Мбапе за капитен

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop