Стануваат „сирени“ и ги откриваат морските убавини

September 22, 2024
2 mins read

ИЗМИР (АА)

– Мустафа ЃУНЃОР

Обуката за нуркање како сирени во областа Карабурун во Измир, еден од важните центри за нуркање во Туркије, предизвика особен интерес кај женската популација, пишува Анадолу.

Центар за обука за нуркање воведе обука за нуркање кое го нарече „сирена“, со цел да го зголеми интересот на ентузијастите за нуркање.

Курсот за нуркање монофин го посетуваат лица над 6 години облечени во костим „сирена“ со моноперка. По онлајн и теоретска обука лице в лице, посетителите на курсот продолжуваат со практична обука.

Програмата на курсот може да варира помеѓу 3 и 5 нуркања, а вклучува и едно нуркање за пробни цели. Оние кои ќе го завршат курсот добиваат сертификат за „сирена“.

Жените и девојките кои решаваат да добијат обука за да го остварат својот сон да „станат сирена“, нуркаат меѓу рибите со костими во светли бои и шарени перки и ги откриваат убавините на подводниот свет.

– „Овој курс е многу забавен за малите девојчиња“

Инструкторката за нуркање Арзу Арслан за новинарот на АА изјави дека секој кој знае да плива може да ја посетува обуката за нуркање.

Наведувајќи дека обуката ја започнуваат со прикажување техники за слободно нуркање, Арслан продолжи со зборовите:

„Овој курс е многу забавен, особено за малите девојчиња. Благодарение на обуката тие се чувствуваат како хероиони од бајките. За возрасните самото нуркање се претвора во визуелна забава под водата.“

Информирајќи дека техника на слободно нуркањето се изведува со монофин костим (моноперка), Арслан рече дека опашката на сирената ја прави обуката и самото нуркање визуелно позабавно.

Наведувајќи дека пробното нуркање е програма во времетраење од 1 час, Арслан рече:

„Тоа се состои од брифинг за водата и процесот на нуркање. Освен ова, имаме програми на нуркање како сирена, сирена од океанот и модел на сирена. Иако оваа активност не е честа појава во Туркије, сепак станува збор за дејност што се среќава во странство и се користи во рекламната и филмската индустрија, но и во големите аквариуми каде лицата со сертификат можат лесно да најдат работа. Очекуваме овој тип активности да се зголемат и во Туркије“.

Арслан информираше дека околу 350 жени и деца досега ја посетиле обуката што ја започнале пред 3 години.

– „Јас сум сирена две недели“

Нида Зенгин, една од посетителките на обуката, истакна дека живее во место Фоча во турската област Измир и го посетува курсот за да го оствари својот сон да стане „сирена“.

Раскажувајќи дека тренирањето на сирени не е многу распространето, Зенгин рече: „Јас сум сирена две недели. Сирена сум од прво ниво. Се трудам за да напредувам во понапредните нивоа“.

Зенгин рече дека се занимава и со нуркање со боца и додаде:

„Сон на секоја девојка е да се види себеси во тој костим на сирена. Тоа навистина ве прави да се чувствувате поинаку. Под вода имате можност да видите еден поинаков свет, да чувствувате една поинаква атмосфера. Затоа им го препорачувам на сите кои имаат таков ентузијазам. Сакам да продолжам“.

9-годишната Асја Арслан која го посетува курсот, рече дека тренира пливање и нуркање од 2-годишна возраст и истакна дека многу се забавува.

Зборувајќи дека обуката за сирени и претставуваат огромно задоволство, Арслан рече: „Постои многу поинаков живот под вода и набљудувањето на тој свет ме прави среќна“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По интензивните израелски напади избувнаа повеќе пожари во повеќе градовите во јужен Либан

Следно

На децата од поправниот дом Тетово им е ускратено правото на образование

Latest from Blog

Фулам победнички кај Барнли

ФОТО:Fulham FC Official/FB Фулам вечерва победи на гости против Барнли со 3:2, во натпреварот од 16-тото коло од Премиер лигата. Лондонскиот тим поведе во деветтата минута преку Емил Смит-Роу, додека Лесли Угочукву

Шпанската полиција разби криминална група која шверцувала дрога со хеликоптери

Шпанската полиција во саботата соопшти дека разбила криминална група која користела хеликоптери за шверц на хашиш од Мароко. Хеликоптерите, кои можеле да носат помеѓу 500 и 900 килограми дрога, прелетале преку Медитеранот

Ролат со кокос, едноставен и совршено вкусен

Во време кога брзите и едноставни десерти се бараат сè повеќе, ролатчето со кокос без печење повторно ги освојува домашните кујни. Благодарение на едноставните состојки, овој ролат го наоѓа својот пат и

Прес-конференцијата на СДСМ е одраз на нивното мрачно минато, реагира Онлајн медиа

Онлајн медиа ја осудува прес-конференцијата на СДСМ на која партискиот портпарол јавно дискредитираше медиуми, кои се членови на здружението на електронските медиуми. „Потегот на СДСМ е само одраз на едно мрачно минато
Go toTop