Стабилизација на цените: јајцата значително поевтинија

January 12, 2026
1 min read

Цената на јајцата во малопродажбата од денеска е значително намалена и во поголем дел од маркетите е вратена на нивото од пред големото поскапување забележано во ноември минатата година. Потрошувачите веќе можат да ги купат јајцата по пониски цени, при што таблите се поевтинети за десетици денари.

Во дел од продажните ланци табла од 30 јајца која до вчера се продавала за околу 370 денари, денес чини 279 денари, што е намалување од речиси 100 денари. Кај помалите пакувања, таблата од 10 јајца која се продавала за 135 денари, сега се нуди за 99 денари. Намалувањето кај поголемите табли изнесува од 60 до 80 денари, додека кај помалите од 30 до 40 денари.

Добавувачите најавуваат дека дел од маркетите допрва ќе ги коригираат цените во наредните денови, па се очекува поевтинувањето да стане уште поизразено и пошироко присутно на пазарот.

Цените на јајцата драстично пораснаа кон средината на ноември 2025 година, кога во рок од неколку дена беше регистриран раст од 20 до 30 проценти. Тогашното поскапување предизвика незадоволство кај граѓаните, бидејќи јајцата се основна намирница во секојдневната исхрана.

Со денешното намалување, пазарот практично се враќа на состојбата пред тој ценовен шок, што за многу семејства значи олеснување на месечниот буџет и поевтино снабдување со една од најчесто користените прехранбени намирници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Славески: Цените во земјата остануваат стабилни

Следно

Манојловски: Го знаеме тоа чувство, браќа Гренланѓани

Latest from Blog

Златен глобус: Најмногу награди за филмот „One Battle After Another” и серијата “Adolescence”“

Филмот„Една битка по друга“ беше на врвот на номинациите со девет, а церемонијата ја заврши со четири Златни глобуси. Меѓу нив беа Глобусите за најдобар филм за мјузикл или комедија и најдобар

Лапорта: Имаме тим кој игра фудбал на високо нво

Фото: Барселона Х Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, го коментираше триумфот од 3-2 над Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп. „Денес им донесовме голема радост на навивачите на Барселона. Имаме тим

Зеленски предложи продолжување на вонредната состојба и мобилизација

Денес, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, до Парламентот на Украина, Врховната рада, испрати нацрт-закони за продолжување на воената состојба и општа мобилизација во земјата. Како што објави Укринформ, на веб-страницата на украинскиот

Млечни кифлички

Состојки: 1 кг пченично бело брашно 1 јајце 1,5 дл масло 50 грама путер 1 кесичка сув квасец 2 лажици шеќер ½ лажица сол 6 дл млеко Подготовка: Во малку млако млеко
Go toTop