Српската пејачка Цеца исвиркана од публиката во Велес откако на концерт го подигна бугарското знаме

November 1, 2025
1 min read

 Потегот кој многумина го оценија како скандалозен наиде на бура од реакции од присутните кои со свирежи и довикувања ја испратија од бината во спортскиот центар „Гемиџии“

Откако нејзините колеги на сцената и посочија, меѓу кои имаше и македонски пејачи, таа го отстрани знамето, но дел од публиката веќе започна да ја напушта салата. Ражнатовиќ потоа се обиде да го продолжи концертот, велејќи дека мислела дека има љубов меѓу сите.

Пеачката потоа го крева и македонското знаме, но сепак, на видеата кои станаа вирални на социјалните мрежи може да се види и слушне дека нејзиниот обид за продолжување на концертот е неуспешен, поради свирежите на публиката, по што кратко потоа ја напушта и бината и го прекинува концертот.

Ражнатовиќ денеска се огласи во дел од домашните и српските портали, а за Блиц изјави дека нема да се занимава со реакциите на социјалните мрежи, бидејки немала намера да ги навреди домаќините..

-Не е чудно што секогаш сум среќна да го прифатам секое знаме од мојата публика, бидејќи тоа е мојата публика, мојот народ. Нè обединува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓа некој. Жал ми е ако тој чин повреди некого – навистина не ми беше намерата, особено не да ги повредам или навредам домаќините.. Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, бидејќи сите ние што бевме заедно во Велес таа вечер знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане помеѓу мојата публика и мене. – изјави Ражнатовиќ за српски Блиц..

Настапот на пејачката стана топ-тема на регионалниот интернет-простор, со илјадници коментари околу нејзиниот потег, некои со осуда за пејачката, некои дури и за присутните. Настапот предизвика бурни реакции и во нејзината матична земја, Србија…На социјалната мрежа ИКС ја искритикува и нејзината колешка Јелена Карлеуша која напиша дека гестот на Ражнатовиќ да крене знаме на држава која ги негира името и постоењето на Македонците, не било само обична глупост или незнаење.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Голем комеморативен собир во Нови Сад по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица

Следно

Лајпциг го доби дербито против Штутгарт

Latest from Blog

Атина наградена за најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа

За најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа беше наградена Атина на Светските туристички награди (World travel awards 2025), а атинскиот градоначалник Харис Дукас посочи дека тоа е

Голем комеморативен собир во Нови Сад по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица

 Една година по несреќата кога се урна бетонската надстрешница од Железничката станица, Србија се поклонува пред жртвите од трагедијата, меѓу кои беше и 45-годишниот македонски научник Васко Саздовски кој тргнал за дома

Челзи има нов спортски директор

Дејв Фалоус е нов спортски директор на тимот на Челзи. Овој клуб има уникатен начин на функционирање во кој овој оддел од клубот, го водат не еден, не двајца, туку петмина директори.
Go toTop