Средба на Ѓорѓиевски, Стојкоски и Стојаноски со жителите на Ѓорче Петров

September 1, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на средба со жителите на скопската населба Хром, заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, и пратеникот Бојан Стојаноски.

На средбата беа претставени новите проекти што треба да го збогатат овој дел од општината – спортски центар, современ терен со вештачка трева, фитнес зона и детско игралиште.

„Со големо задоволство ги слушнавме нивните идеи и предлози. Масовноста и искрената поддршка што ја добиваме на секоја средба ни даваат дополнителна сила и мотив да продолжиме уште посилно со работа. За Ѓорче, за Скопје!“, изјави Ѓорѓиевски, кој им се заблагодари на граѓаните за, како што рече, топлиот прием и довербата.

 

Настанот беше дел од серијата средби со жители на различни делови од главниот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зои Кравиц случајно ги издрогирала пријателите со чоколадни печурки (ВИДЕО)

Следно

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

Latest from Blog

Луѓето масовно го напуштаат градот од соништата: Трошоците за живот драстично се зголемија, „луксузниот сон“ стана кошмар

Дубаи со години е бисер на британските иселеници, но за некои тој сјај почнува да бледнее. Дубаи долго време привлекува Британци кои се желни за ветување за високи плати, луксузен животен стил

Васев за прислушкувањето на Мицкоски: Не бил цел сам за себе, целта е демократијата, ставот и идеологијата кои ги застапува

Тоа што претседателот Христијан Мицкоски бил следен, прислушкуван и документиран од агенциите кои требале да се занимаваат со заштита на државата и нејзините интереси, е доказ дека не само што тие служби

Коњановски: Битола ја градиме заедно со граѓаните

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средби со жителите од урбаните заедници „Блаже Рогозинаро“, „Коле Канински“, „Борис Бастеро“ и „Александар Турунџев“. Средбите се дел од кампањата „Предложи идеја“, преку која

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

2 Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото двете агенции, односно Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги користеле државните
Go toTop