Србија и Косово се договорија во Охрид, но не го потпишаа Анексот на Договорот – обврските влегуваа во преговарачката рамка

March 19, 2023
2 mins read

По 12 –часа маратонски преговори Белград и Приштина под посредство на ЕУ ги усогласија ставовите за анексот на договорот за нормализација на односите.

За шефот на европската дипломатија Жозеп Борел како медијатор во дијалогот преговорите биле тешки , но сепак договор имало. Во фокусот на договореното е Србите во Косово да добијат некаков облик на самоуправа, а да се прифати и Декларација за исчезнати лица.

„Косово и Србија се договорија за Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Договоривме кога, кој и како тоа да се реализира. Во рамките на анексот, страните се согласија да ги исполнат сите членови од договорот и да ги спроведат сите обврски без одлагање и со добра волја. Овој исход дојде по многу тешки преговори, не се преговара 12 часа за едноставни работи. За да се имплементира членот 7 од договорот, Косово се согласи веднаш да започне преговори со ЕУ во рамките на дијалогот за воспоставување на аранжмани за обезбедување соодветна самоуправа за српската заедница на Косово. Страните, исто така, се согласија да ја поддржат декларацијата за исчезнатите лица како што беше преговарано во рамки на дијалогот како прашање кое е итно“.

За српскиот претседател Вучиќ вчера не бил денот „Д“, не потпишал ништо бидејќи не склучувал никакви меѓународни договори со Косово, затоа што Србија е меѓународно призната земја, за разлика од Косово. Вучиќ не се согласил да не се попречува членството на Косово во меѓународни организации, но се согласил на нормализација на односите. Тој потврди дека текстот кој дури 12 пати го менувале, ќе биде дел од преговарачката рамка за двете земји.

Курти пак обвинува дека Белград го одолговлекува времето за потпишување. По целодневните преговори се обврзал дека ја спроведе Заедницата на српски општини, но и најави дека ќе се залага за правата на сите граѓани на Косово.

Постигнавме јавен договор за анексот што ќе води кон спроведување на основниот договор. Останува на Европската унија да најде механизам статусот на овој договор да биде правно и меѓународно обврзувачки. Дојдов во Охрид со намера да го потпишеме основниот договор со анекс, но српската страна и овојпат избегна негово потпишување, исто како на последната средба во Брисел на 27 февруари.

Американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Екопжбар го поздрави тешкиот но неопходен договор , за нормализирање на односите меѓу двете земји.

„Можам да ви кажам дека САД ќе се заложат да помогнат во спроведување (на договореното) и тоа спроведување да биде во интерес на двете земји и на регионот. Ќе сториме се што е во наша моќ за да ја поддржиме имплементацијата, и на политички, и на економски и на секој друг начин, за да направиме мирот на Балканот да биде реалност“

Македонскиот премиер пак задоволен од исходот на дијалогот, вели дека нормализирањето на односите, ќе донесе само позитивни резултати за интеграцијата на целиот регион.

Откако преговарачките тимови го усогласија анексот на договорот, Брисел сега ќе започне процес за промена на критериумите за Поглавјето 35 за Србија поради обврските кои произлегуваат од договореното. Агендата на Косовската специјална група за нормализација подеднакво ќе ги одразува и новите обврски што ги има Косово, а кои произлегуваат од Договорот и од овој Анекс“, се вели во една од точките од анексот.

Во рок од 30 дена двете страни треба да формираат и Заеднички одбор за мониторинг, со кој претседава ЕУ, кој ќе следи што и како се имплементира според договореното.

Брисел во рок од 150 дена ќе организира донаторска конференција со цел да се воспостави пакет за инвестиции и финансиска помош за Косово и Србија. Помошта нема да биде доделена пред ЕУ да утврди дека сите одредби од Договорот се целосно имплементирани. И Белград и Приштина се обврзале дека нема да ја кочат имплементацијата на ниту една од договорените точки.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Затворени избирачките места во Црна Гора, се бројат гласовите

Следно

Вучиќ пред српските медиуми: Косово не е држава, не можеме да потпишеме правен договор

Latest from Blog

Хаос во Мали: Убиен министерот за одбрана

Според медиумските извештаи, нападот се случил вчера во комплекс на воена база во близина на главниот град на Мали, објавува Ројтерс. Групата „JNIM“, која е поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста

Ќе биде ли укинувањето на техничката влада причина за нова политичка криза?

Движењето ЗНАМ ја обвинува СДСМ и Венко Филипче за неодговорно и блокирачко однесување во политичките процеси, при што отвора сомнежи дека се подготвува сценарио за напуштање на Собранието и бојкот на парламентарните

Лудница на „Ваљекас“: Голеада, ВАР одново се “истакна“, израмнување со гол во 90+9.минута за Рајо!

ФОТО:.facebook.com/rvmoficial/ Рајо Ваљекано и Реал Сосиедад ремизираа 3:3 во Мадрид, во натпреварот од 32-то коло од шпанската Ла Лига.На „Ваљњкас“ гледавме апсолутен спектакл, домашниот тим губеше со 1:3 до 86-тата минута и

Голем пожар избувна во британската база од која американските бомбардери летаат кон Иран (ВИДЕО)

Покривот на зградата се урна, а десетици пожарникари се бореа со пожарот, чиј интензитет беше забележан во видеа на социјалните мрежи. Според досегашните информации, нема повредени, а најважно од сè, пожарот не

ВЛЕН: ДУИ застана во одбрана на говор што ги понижува Албанците

ВЛЕН упати остри критики кон Демократската унија за интеграција (ДУИ), обвинувајќи ја дека наместо да осуди навредлив говор кон Албанците во Северна Македонија, ја релативизира и дури ја брани таквата реторика. Во
Go toTop