Спектакл во Битола: 30 танчери со „Будење“ за финалето на „Танц фест“

May 2, 2026
1 min read

Со моќната изведба на „Будење“ во кореографија на Рисимна Рисимкин во која настапуваат 30 танчери на 5-ти мај во 20:00 часот во Народниот театар Битола ќе се затвори 22-то издание на „Танц фест“.

„Будење“ носи силна сценска енергија и колективно искуство што ги поврзува личното и општественото. Претставата ги истражува меѓучовечките односи, стереотипите и динамиката помеѓу индивидуалниот и колективниот идентитет. Претставата се занимава со воспоставените форми на однесување и нивната деконструкција, отворајќи простор за преиспитување на општествените норми и личните позиции во нив. Телото станува медиум преку кој се изразуваат емоции, конфликти и трансформации.

Музиката за претставата ја потпишува Тони Китановски, костимите се дело на Благој Мицевски, а сценскиот дизајн го изработи Матеа Мијановиќ.

Пред претставата ќе биде доделена Специјалната награда „Менада“ за поддршка на развојот на современиот танц на Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
Уживајте и во свеченото затворање на „Танц фест“ на Скопје танцовиот театар и претставата „Будење“ на Рисима Рисимкин во Народниот театар Битола каде влезот ќе биде бесплатен, а влезниците се подигнуваат од билетарницата.

Влезниците в понеделник можат да се подигнуват од 10:00 до 15:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот, а вторник од 8:00 до 15:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН со последен чекор кон единство на 9 мај Обединувањето на дофат: ВЛЕН ја финализира трансформацијата ВЛЕН влегува во нова политичка форма со заедничко раководство Албанскиот блок пред ново обединување: ВЛЕН со јасен план ВЛЕН ги надминува поделбите: Следува заедничка структура Нова политичка формула: ВЛЕН се обединува во едно ВЛЕН со порака за единство пред клучниот датум Политичко обединување во најава: ВЛЕН ги обединува субјектите ВЛЕН на чекор до целосна консолидација 9 мај како ден на обединување: ВЛЕН со нов почеток

Latest from Blog

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија

Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, изјави вчера дека се очекува повлекувањето да биде завршено во следните шест до 12 месеци. Овој потег доаѓа во услови на растечки тензии меѓу американскиот претседател

ТРАМП ПОВЛЕКУВА 5000 војници од Германија

Министерството за одбрана на САД повлекува 5.000 војници од Германија, во услови на конфликт меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц околу војната со Иран. Одлуката доаѓа еден ден
Go toTop