СП 2026: Мбапе против Халанд, САД сами да бираа немаше да одберат полесна група, супер – дерби во 1.коло!

December 5, 2025
1 min read
ФОТО: Équipe de France de Football/fb

Откако се одржа ждрепката за групната фаза на СП 2026, јасно е дека сега во следните месеци, до 11 јуни, ќе следуваат анализи, претпоставки, детализирања.

Сепак се знае дека ждрепката сакаше во една група да ги спои Франција и Норвешка, во групата И, каде се тука и Сенегал како и победникот од баражот во кој се Ирак, Боливија и Суринам.

Јасно е дека во преден план ќе биде дуелот меѓу Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, кои заедно со Ламине Јамал веројатно се најспектакуларните фудбалери во светот во моментов.

Јасно беше дека САД, како еден од трите домаќини, ќе има лесна група, ама до толку па, навистина…

И веднаш почнаа теории на заговор. Се чини дека САД сами да бираа не можеа да одберат полесна група. Селекцијата чиј селектор е Маурицио Покетино е во групата Д заедно со Парагвај, Австралија и победникот од баражот во кој се Турција, Романија, Словачка, Косово.

Инаку во 1.коло ќе следиме и супер – дерби, тоа е дуелот од групата Л меѓу Хрватска и Англија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Царината заплени лекови, девизи, цигари, алкохолни пијалоци, верски предмети…

Latest from Blog

Царината заплени лекови, девизи, цигари, алкохолни пијалоци, верски предмети…

Царинската управа денеска информира дека во текот на минатата недела заплениле девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, лекови и други предмети при различни обиди за криумчарење. На Меѓународниот аеродром Скопје при контрола

„Нетфликс“ се согласи да го купи „Ворнер брос“ за 72 милијарди долари

Договорот ќе ги обедини двата најмоќни филмски и ТВ-гиганти под еден покрив, со оглед на тоа што „Ворнер брос“ е сопственик и на стрим-платформата „Ејч-би-о макс“ и „ДЦ студиос“. Вредноста на договорот

Најголема заплена на марихуана во Парагвај: 89 тони запленети на границата со Бразил

Парагвајската полиција ја направи најголемата заплена на марихуана во таа земја, запленувајќи 89 тони дрога во конвој од 19 возила што беа пресретнати на автопатот во близина на границата со бразилската држава
Go toTop