Screenshot

Современа клучка кај Хиподром – приоритетен проект на Ѓорѓиевски за Скопје

October 13, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави изградба на нова сообраќајна клучка кај Хиподром, со која ќе се подобри протокот на возила и ќе се намалат метежите на источниот влез во главниот град.

„Ова е проект што директно ќе влијае на секојдневниот живот на скопјани. Новата клучка ќе овозможи побрз и побезбеден сообраќај, а со тоа и поквалитетен градски транспорт и подобро поврзување со околните општини“, изјави Ѓорѓиевски.

Според него, решението е дел од пошироката визија за модерна и функционална сообраќајна мрежа во Скопје, со акцент на одржливи и долгорочни инфраструктурни решенија.

 

Проектот, како што најави, ќе биде реализиран во фази и ќе вклучува современи решенија за пешаци, велосипедисти и јавен превоз, со цел да се намали загадувањето и времето на патување.

Видеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ристовски најави современ спортски комплекс во Куманово – нов инфраструктурен проект на Министерството за спорт

Следно

Проданоски најави обновување на спортските игралишта во Точила

Latest from Blog

„Ете, си замина.“- Синот на Халид одржа краток говор, на гробот цитираше зборови од песна на татко му (ВИДЕО)

Синот на Халид, Дино Бешлиќ, ги нареди штиците во гробот и го спушти телото на својот покоен татко во гробот заедно со ефендиите. @informertelevizija Sahranjen Halid Bešlić! Uz jecaje i suze ispraćen

Нуркач случајно снимил моќен предатор и ги шокира научниците: Не сме го виделе 20 години

Нуркачот Чарлс Худ ги проучувал сините ајкули, во близина на брегот на градот Пензанс, кога одеднаш се нашол „очи во очи“ со претставник на семејството Полиприон, објави Мирор. „Многу ретко ги гледаме“

Францускиот суд нареди извршување на казната: Саркози оди во затвор

Поранешниот француски претседател Никола Саркози во понеделник дозна за датумот на почеток и местото на неговата петгодишна затворска казна за заговор за извршување кривично дело во случај поврзан со примање милиони евра
Go toTop