Советник на Груевски – кандидат на Таравари за министер кај Ковачевски

February 11, 2023
1 min read

Кандидатот на Алијанса за Албанците за министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, му бил советник на Груевски за високо образование, наука и ИКТ. На списокот на советници на Груевски, објавен од Владата на СДСМ во мај 2018 година, името на Азир Алиу е наведено прво

„Оваа држава ќе биде без менталитетот на Груевски и неговите остатоци во белата палата која е поцрнета од криминалите“, пишува во денешното соопштение од Алијанса за Албанците кое е реакција на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Азир Алиу – кандидатот за министер за информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците бил советник на Никола Груевски додека тој беше шеф на Владата. Ова го пишува и во неговата биографија, во која, меѓу другото, Алиу навел дека од 2013 до 2017 година работел како советник за високо образование, наука и ИКТ во кабинетот на премиерот. А, премиер во тој период беше Никола Груевски, кој во меѓу време, за да не оди во затвор, побегна во Унгарија.

Дел од биографијата на Азир Алиу доставена од премиерот Димитар Ковачевски до Собранието

По доаѓањето на СДСМ на власт, Владата на Зоран Заев обелодени дека Груевски во периодот од 2010 до 2016 година имал вкупно 91 советник, за што се трошеле по најмалку 1,73 милиони евра годишно. На списокот на советници на Груевски, објавен во мај 2018 година, името на Азир Алиу е наведено прво.

Инаку, Алиу е доктор по информатички науки и редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Родум е од Гостивар и има 47 години. Тој е дел од предлогот за реконструкција на Владата што премиерот Димитар Ковачевски веќе го достави до парламентот, по договорот со Арбен Таравари за влез на Алијанса за Албанците во владиниот состав.

Од друга страна, лидерот на Алијанса за Албанците во повеќе изјави во последно време зборува дека ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана и останата во времињата на Никола Груевски. Таква теза има и во денешната реакција на Алијанса на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја разбираме омразата на ВМРО-ДПМНЕ кон Алијанса за Албанците и нашите експоненти, која потекнува од 2017 година, кога го прекинавме нивниот режим и во многу други случаи кога ниту се предадовме ниту дозволивме тој режим да се врати… Оваа држава ќе биде без менталитетот на Груевски и неговите остатоци во белата палата која е поцрнета од криминалите“,

пишува во соопштението од Алијанса.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, при гостување на МРТВ во септември минатата година оцени дека ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е иста како таа на Груевски.

„Нема никаква разлика, затоа што ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е само наследство на претходното раководство. Тоа се советниците во кабинетот на поранешниот претседател или претседател на Влада“,

кажа Ковачевски.

Сега Ковачевски и Таравари предлагаат за министер токму советник на Груевски во времето кога беше премиер.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

На мапите на Гугл одамна им се нема случено нешто подобро

Следно

(ВИДЕО) Додека се обидуваа да помогнат на други, урнатина ги поклопи турските спасувачи

Latest from Blog

Сидни Свини: Се здебелив 16 килограми поради новата улога (ВИДЕО)

28-годишната ѕвезда, номинирана за наградата Еми, блесна во елегантен розов фустан на премиерата на филмот „Кристи“, која се одржа вчера вечер во лондонската Кралска фестивалска сала, пишува Just Jared. Се појави во

Австралиец е неуништлив: Го киднапирале, го застрелале и го оставиле во шума- преживеал и напад од диво животно

Неговата борба вклучувала одбрана од диво животно кое сакало да го изеде и користење растенија за да го запре крварењето. Сè започнало на 16 ноември, кога Демпси наводно бил киднапиран од неговиот

Роналдо прво промаши пенал, ама потоа го постигна еден од најубавите голови во кариерата! (ВИДЕО)

ФОТО: FC Al-Nasr/FB Кристијано Роналдо уште еднаш покажа, и покрај возраста дека е екстра класа. Имено вечерва Португалецот го постигна веројатно еден од најубавите голови во својата кариера. Уф, каков гол? Фантастичен,

Во мојот град, повеќе не можеш да носиш саат на раката за да не ти го украдат, ниту да извадиш мобилен телефон.

Зошто англичаните бегаат од Англија. Се почесто, и се помлади. Некогаш пензионерите заминуваа во ефтини куќи во Бугарија или Кипар, тие со малку поголеми пензии во Португалија или Малта… Но, времињата се
Go toTop