Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози

January 4, 2026
1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопштија попладнево од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нагласуваат дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Авто-мото сојузот потсетува дека од 15.11.2025 година почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вил Смит пријавен од маж за сексуално вознемирување!!

Следно

Психолог тврди дека ова е најважното нешто што успешните парови го прават на почетокот на годината

Latest from Blog

Битола и регионот ја модернизираат комуналната инфраструктура

Во Битола денеска ќе бидат свечено предадени во употреба нови возила, контејнери и канти за отпад, кои Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање ги доделува на јавните комунални претпријатија

Снимка од „морско чудовиште“ направена од подморница го преплаши интернетот

Подводното видео прикажува суштество коешто, наводно, изгледа како праисториско чудовиште… Со оглед на тоа што се истражени само околу пет отсто од светската морска шир, не е изненадување ако овие суштества што

Македонски АВТОБУС ИЗЛЕТА ОД АВТОПАТ ВО СРБИЈА

Автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци во Србија. Како што јавуваат српските медиуми, незгодата се случила на правецот од градот кон излезот. Засега нема официјални
Go toTop