Соларни панели ќе го напојуваат новиот аеродромски терминал во Њујорк

January 30, 2023
1 min read

Новиот терминал 1 на Меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, САД, наскоро делумно ќе се напојува најголемата мрежа кровни сончеви панели во градот, објави „Бизнис инсајдер“ (Business Insider).

Откако ќе биде завршен, новиот енергетски систем ќе се состои од повеќе од 13.000 соларни панели, што го прави најголемиот во Њујорк и на кој било аеродромски терминал во САД.

Новиот проект ќе се состои од мрежа со 11,34 мегавати електрична енергија од панели на покривот, гасни горивни ќелии, акумулаторни батерии, како и систем за ладење и загревање на водата. Иницијативата ќе биде предводена од „Алфастракшур“ (AlphaStruxure), со заедничко вложување со приватната компанија „Карлајл груп“ (Carlyle Group) и француската „Шнајдер електрик“ (Schneider Electric).

– Решавањето на нашиот енергетски предизвик се сведува на три работи – електрификација, дигитализација и декарбонизација, со добивање повеќе електрична енергија од обновливи извори. Микромрежите се клучот за постигнување на сѐ ова, изјави Анет Клејтон, извршна директорка на „Шнајдер електрик“ за Северна Америка.

Во однос на производството, тој ќе генерира приближно онолку енергија колку што би потрошиле 3.570 просечни американски домаќинства за една година. Од енергетските полиња, три ќе бидат завршени до 2026., а последниот ќе биде пуштен во 2029 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг ја повика Јужна Кореја да ја зголеми воената помош за Украина

Следно

МВР: 689 санкции за брзо возење

Latest from Blog

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло, додека Федералното истражно биро (ФБИ) предупредува на ирански дронови кои потенцијално би можеле да го

Почина Кирил Поп Христов – Кили

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Кирил Поп Христов – Кили почина на 58 годишна возраст. Кили починал на Еквадор каде живееше долги години. Таму се пресели во 2014 година Христов дипломира

Најдени се предмети кај судијата Ѓоко Ристов кои не ги чепкал до истекување на роковите?

Судскиот совет има сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Дел од предметите

Валверде:“Неверојатно! Секогаш сонуваш за вакво нешто!“

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, имаше свој коментар по неговиот феноменален настап против Манчестер Сити. Уругваецот постигна хет-трик против „граѓаните“ во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата
Go toTop