Со три гласа против и осум воздружани, Ли Чианг е избран за нов премиер на Кина

March 11, 2023
1 min read

Ли (63) е најпознат по наметнувањето брутално заклучување во Шангај минатата пролет, кога беше на чело на Кинеската комунистичка партија во најнаселениот град во земјата. Така, тој ја докажа својата лојалност кон Си Ѓинпинг со спроведување на својата политика „нулта ковид“ со цврста рака и покрај поплаките од локалните жители дека немаат пристап до храна, лекови и основни услуги

Кинескиот Парламент денеска го избра Ли Чианг за премиер во гласање што беше практично формалност, јавија западни медиуми. Ли е близок и доверлив човек на претседателот Си Ѓинпинг, кој вчера беше реизбран за трет мандат.

Ли Чианг со претседателот на Кина, Си Џинпинг
фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO / POOL

Кинескиот национален народен конгрес во голема мера само ги одобрува одлуките на владејачката Комунистичка партија. Еднодомниот Парламент вчера едногласно го реизбра 69-годишниот Си Ѓинпинг за претседател. На денешниот избор на Ли Чианг за премиер имаше три гласа против и осум воздржани. Во кинескиот Парламент има 2 980 пратеници.

Ли (63) е најпознат по наметнувањето брутално заклучување во Шангај минатата пролет, кога беше на чело на Кинеската комунистичка партија во најнаселениот град во земјата. Така, тој ја докажа својата лојалност кон Си Џинпинг со спроведување на својата политика „нулта ковид“ со цврста рака и покрај поплаките од локалните жители дека немаат пристап до храна, лекови и основни услуги.

Приоритет број еден за новиот кинески премиер ќе биде економијата. Целта за раст на бруто домашниот производ на Кина за оваа година е околу 5 проценти. Минатата година таа бројка падна на 3 отсто, што е второ најниско ниво од 1970-те.

фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ретро видео од Скопје во 1994 година – Град со посеба есенција

Следно

Градоначалникот на Бутел Косотовски АКТИВЕН и за викенд. Ново игралиште за деца во населба Скопје Север (ФОТО)

Latest from Blog

Мис Универзум Мексико ќе оди на суд- ја тужи организаторот на натпреварот (ВИДЕО)

Целата драма кулминираше со судска постапка по неколку недели јавни обвинувања. Како сè започна Раздорот започна на 4 ноември, кога Ицарагрисил јавно ја критикуваше мексиканската претставничка за наводно одбивање да учествува во

ВИТАМИНСКА БОМБА ЗА АНЕМИЈА

Чувство на постојан умор, бледа кожа, забрзано чукање на срцето и недостиг на здив – можеби мислевте дека е само последица на стрес и современиот начин на живот. Но што ако станува

ФОТО: Прогласена бојата за 2026 – Нов тренд во модата и ентериерот

Институтот за бои Пантон традиционално, како и секоја година, ја избира бојата за претстојната 2026 година и веќе ја гледаме насекаде околу нас. Доловувањето на културниот дух и трендовите за претстојната година
Go toTop