Со „Саем на домашно вино“ и закројување на виновата лоза одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

February 14, 2023
1 min read

Традиционално со закројување виновата лоза во дворот на црквата „Свети Трифун“ во населеното место Ајватовци, Општина Илинден го одбележа Празникот на лозарите.

Како што соопшти Општина Илинден, празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија, што се одржа пред голем број верници.

Во рамки на манифестацијата „Саем на домашно вино“, во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, а под покровителство на градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, годинава се одржа избор на најдобро произведено домашно вино во Општината.

На своевидниот вински фестивал, кој прераснува во традиција, учествуваа осум производители на вино.

Според одлуката на жири-комисијата, составена од членови на „Вински витези“, здружение за промоција на македонското вино и на македонската култура, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски му додели Плакета за најдобро домашно произведено вино на првонаградениот Борче Божиновски. Второто место го освои Страшко Ангеловски, а третото Љупчо Димитриевски. Благодарници за учество на манифестацијата „Саем на домашно вино“ им беа доделени на сите учесници.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Герасимовски: Почнуваме со реконструкција на улицата „Ленинова“

Следно

Отворање на самостојна изложба „Љубов” на Александра Мириќ во МКЦ

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop