Со пренамена на средства од МЗ ќе се реконструира амбуланта во Општина Илинден

December 19, 2023
1 min read

Министерството за здравство информира дека министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски склучија договор за пренамена на средства од Министерството кон Општината за реконструкција на Амбуланта Илинден при ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Станува збор за инвестиција во вредност од 16 милиони денари, од кои 8 милиони денари се обезбедени од Министерството за здравство, а останатите 8 милиони денари од Владата на Република Северна Македонија.

Министерот Меџити истакнува дека со подобрувањето на инфраструктурата на амбулантата во Илинден вработените ќе добијат помодерни и посовремени услови за работа, а пациентите подобар квалитет на здравствена заштита.

-“ Би сакал да истакнам дека во изминатиот период вложуваме и правиме позитивни промени во јавното здравство. Покрај инфраструктурното зајакнување, како никогаш досега вложуваме во набавка на нова медицинска опрема, едукација и мотивација на здравствениот персонал, како и во набавка на нови лекови. И во следниот период ќе продолжиме неуморно со истото темпо, со крајна цел задоволни здравствени работници и задоволни пациенти. На крајот, упатувам благодарност до Владата за одлуката за пренамена на буџетски средства на институциите коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во најголем дел општини низ целата држава“, вели Меџити.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: „Можеме да ги почувствуваме негативните ефекти од крвавиот судир меѓу Израел и Хамас“

Следно

Израел изврши нови воздушни напади во северниот дел на Појасот Газа, погоден центар за рехабилитација

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop