Со овој трик ќе заспиете за само неколку минути!

October 20, 2025
1 min read

Дали некогаш сте помислиле дека постои трик за брзо и квалитетно спиење? Ова е одговорот на еден доктор.

Кога ви е потребен длабок и мирен сон, а не можете да заспиете, можете да ја испробате техниката за дишење 4-7-8, која ја фалат многу стручњаци.

Нема ништо полошо од тоа да легнете со надеж дека конечно ќе се одморите, а да сфатите дека со часови се превртувате во кревет. Среќа, постои едноставен трик кој може да ви помогне да заспиете за само една минута, пишува „Mirror“.

Овој лесен совет за дишење го препорачуваат и бројни експерти, меѓу кои и познатиот „Доктор за спиење“ – Мајкл Брјуз, кој ја сподели техниката во видео на својот популарен TikTok профил.

Брјуз откри дека ова е неговата омилена метода за смирување на срцевиот ритам пред спиење.

„Едно од најчестите прашања што ми ги поставуваат е: „Како можам да го намалам бројот на отчукувања на срцето пред спиење или во текот на ноќта“? Мојот омилен начин е техниката 4-7-8“, вели Брјуз.

„Полека вдишете броејќи до четири, задржете го здивот броејќи до седум, а потоа полека издишете броејќи до осум. Науката зад ова е интересна – со ваквиот ритам се исфрла вишокот јаглерод диоксид, срцето работи поспоро и природно се смирува“, објаснува тој.

Овој брз и ефикасен трик, кој има корени во древната јога, го популаризирал доктор Ендру Вајл, експерт за интегративна медицина. Тој советува техниката да се практикува двапати дневно, но не повеќе од четири циклуси дишење во текот на првиот месец. Кога ќе почувствувате дека сте подготвени, можете постепено да преминете на осум циклуси по сесија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ивор Мицковски: Со киднапираната СДСМ и неспособната за доминација Левица – ние немаме опозиција

Следно

Миовски доби нов менаџер, Дени Рол претставен во Ренџерс

Latest from Blog

„Подземниот град“ на Тито во Далмација – денес туристичка атракција

Во кањонот Велика Пакленица, во средна Далмација, близу Стариград, Хрватска, меѓу 1950. и 1952 година, во строга тајност била изградена мрежа тунели коишто требало да служат како засолниште и логистичка база во

Мацут: Работиме на проект за брза железница помеѓу Белград и Ниш, и во Скопје брзо работат на модернизација железницата

„Од македонска страна постои големо разбирање за ова, а неодамна во разговорите со македонскиот премиер Мицкоски во Македонија, имав можност да ги разберам нивните намери брзо да работат на железницата, всушност на
Go toTop