СО ИЗЛОЖБА ЗА МАРТИНОСКИ И КОНЦЕРТ НА БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР, В ПЕТОК ПОЧНУВА ПРОГРАМАТА ОД „КРУШЕВО – ГРАД НА КУЛТУРАТА“

May 22, 2023
1 min read

Со изложба за Никола Мартиноски и концерт на евергрини на Камерниот оркестар на Битола, во придружба на хор и 11 солисти, в петок, (26 мај) ќе почне програмата на манифестацијата „Крушево – град на културата за 2023“, најавија денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот Томе Христоски.

„Не случајно што годинава, кога одбележуваме 120 години од Илинденското востание, даваме посебно значење и внимание на овој живописен град, богат со историја, наследство, сегашност и иднина, правејќи го и град на културата за сите домашни и странски посетители.
Крушево ќе пулсира во ритамот на македонската култура и ќе го промовира македонскиот идентитет и посебност. Во текот на оваа година Крушево нема да биде само дестинација за спортистите и авантуристичкиот туризам. Ќе биде и културен град во кој посетителите ќе бидат сведоци на многубројни настани, претстави, концерти, изложби и културни искуства кои ќе остават трајно влијание врз сите учесници од различни возрасти. Од уметнички инсталации и театарски продукции до музички фестивали и литературни собири, програмата за ‘Град на културата’ ќе биде прослава на креативноста во сите нејзини форм“, кажа министерката на пресот во Крушево.

Градоначалникот најави дека програмата за овој голем иницијален настан ќе започне со посета на галеријата Никола Мартиноски.

„Потоа продолжуваме кон Споменикот Македониум каде ќе посветиме програма под наслов – Безвременска хармонија која ќе има свечен дел, а потоа и концерт на Камерен оркестар од Битола, каде ќе настапат македонски музички ѕвезди како Елена Ристеска, Мики Јованскови Џафер, Ристо Самарџиев, Дарио, Кристина Арнаудова, Пере, Нокаут, Наде Талеска, Димитар Андоновски, Тамара Стојковска, Марија Цветаноска, Александра Трајческа, Хорот Коруновска Проарс“, кажа Христоски, додавајќи дека се најавени бројни гости од јавниот живот, дипломати и гости од странство, како што е градоначалникот на Нова Градишка Винко Гргиќ.

Главниот постер и дизајнот на логото ги изработи македонската дизајнерка со крушевско потекло Теано Кардула. На фесјбук страната за „Крушево -Град на културата“ е објавена нејзината приказна за идејата за логото, каде вели дека прва мисла ѝ била дека најпознатите елементи за Крушево треба да ги избегнат и време е да се дадем друга визуелна перспектива за градот.

„Крушевската стара архитектура изобилува со многу интересни мали детали и токму еден таков детал беше инспирација за ова лого. Тропалка за врата од старата куќа на фамилијата на мајка ми во форма на сонце. Уште веднаш знаев дека тоа е тоа. Симболично, стилизираните краци на сонцето го симболизираат и ова културно отворање на вратите кон градот.
Сонцето е и заеднички симбол на двете етнички групи кои живеат во самиот град – Власите и Македонците, но и нели македонското државното знаме кое нè обединува сите. А шареноликоста на логото, е токму тоа – обединети во различностите, таков е нашиот град“, стои во објавата.

Б. НЕСТОРОСКА

 

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ ја казни „Мета“ со рекордни 1,2 милијарда евра поради недоволна заштита на корисничките податоци

Следно

Песков: Ердоган и Путин се сериозни политичари и луѓе од збор

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop