Со 150. изведба на „Стјуардеси“ Театар Комедија го слави 11-от роденден

March 27, 2023
1 min read

Со 150-та изведба на претставата „Стјуардеси“, на Светскиот ден на театарот, Театар Комедија слави 11 години од формирањето на оваа Национална установа.

Театар Комедија како национална институција е формиран во ноември 2011 година, а своето официјално отворање го означи со премиерното прикажување на претставата „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски, и тоа на Светскиот ден на театарот – 27 март, 2012 година.

Од основањето па до 2014 година, кога „се всели“ во зградата на некогашниот Театар Центар, ја користеше сцената на Драмски театар – Скопје.

Театар Комедија е жанровски определен театар, кој ги негува сите подвидови на комедијата и на својот репертоар вбројува праизведби од македонски автори, комедии од класиците на светската книжевност и современи комедии од светската драматургија.

„Стјуардеси“ е во режија на Синиша Евтимов, а премиерата беше на 6 декември 2013. Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Ева Скендеровска/Кристина Ласовска, Нина Деан/Жаклина Петровска и Тања Мицков.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фоден од болнички кревет ја гледаше Англија, ѕвездата на Сити итно опериран

Следно

Сè повеќе Украинци би да ја бранат Украина од дистанца

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша
Go toTop