Сè повеќе Украинци би да ја бранат Украина од дистанца

March 27, 2023
2 mins read

„До сега Украина успеваше редовно да ги пополни своите редови, и главно успеа да го задржи повеќемесечниот руски јуриш на истокот додека чека прилив на десетици илјади нови свежи војници, голем дел од нив обучени на Запад, за започнување на планираната пролетна офанзива.

Но, додека анкетите покажуваат дека поддршката за одбранбените напори останува висока, расположливата резерва на волни волонтери изгледа слабее. Украинската популација е помалку од една третина од руската, без да се земеме предвид егзодусот на милиони од почетокот на војната, а типот на присила што се користи во рускиот авторитарен систем Киев тврди дека не е опција,“ пишува весникот.

Во февруари, три дена откако ја обнови мобилизацијата со која сите резервисти и здрави мажи до одредена возраст можат да бидат повикани да служат, Зеленски порача дека тие не можат како Русија со пендреци да ги натераат луѓето да одат во војна.

Украина пред почетокот на војната имаше војска од околу 260.000 војници, од кои до сега загинати се околу 100.000. Русија само во септември најави мобилизација на над 300.000 лица.

Од почетокот на војната Украина повеќе имаше проблем да ги опреми сите волонтери кои се пријавија за служење на фронтот отколку да ги собере. Потоа малиот пад на волонтери беше коригиран со маркетинг кампањи и многу поактивна работа на лицата задолжени за регрутација.

Во Украина денес добивање покана значи една од три работи. Најдобрата опција е дека си само повикан за апдејтување на твоите податоци. Второ е дека одиш на медицинска проверка за да се утврди твојата подготвеност за служење, а крајно е дека треба да се пакуваш и одиш во касарна на обука.

Вол стрит журнал пишува дека последниве месеци (во добар дел и заради мелницата која се случува во Бахмут) потенцијалните украински регрути се трудат на секој начин да избегнат средба со луѓето за регрутација за кои работата е завршена кога ќе ти ја дадат поканата, па макар била и на улица. Тие пишуваат за 25-годишен вработен во компанија за криптовалути во Киев, кој изминативе месеци избегнува кафулиња, ресторани и општо јавни простори за да избегне да биде викнат во војска. Негово оправдание е дека тој е многу покорисен за украинската војска таму каде што е, каде добро заработува и значителен дел од приходот го донира за војската.

Штета на регрутацијата предизвикаа неколку владини одлуки за кратење на бонусите за војниците кои не се на фронтот, воведувањето на построги казни за дезертирање, како и мноштвото видеа со непријатни инциденти во кои припадниците на армијата физички се пресметуваат со цивилите кои одбиваат да земат покана. Минатиот месец во западна Украина лице без раце е мобилизирано и прогласено за спремно за служба, а друг загинува на фронтот по само еден месец од мобилизацијата откако минал 10 дена на обука.

Тие што не сакаат да излезат на фронт до сега најдоа десетици начини како да ја избегнат должноста. Најголемиот број куртулија напуштајќи ја Украина, легално или не, уште во првите денови од инвазијата. Други гледаат да извадат некаков документ дека не се способни за служба, да платат човек што ќе ги избрише од систем или да се пријават како хуманитарни работници кои обично имаат повеќе работа на западот од земјата или во соседна Полска, од каде потоа бегаат каде можат.

„Се уште има константен прилив на волонтери во армијата, и голем број мажи сакаат да се борат. Анкетите покажуваат дека јавната поддршка за одбраната на Украина се уште е силна. Меѓутоа аналитичарите сметаат дека времето можеби не е на украинска страна која продолжува да губи голем број животи на фронтот, додека меѓу војниците расте незадоволството за условите во кои служат,“ пишува Вол стрит журнал.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со 150. изведба на „Стјуардеси“ Театар Комедија го слави 11-от роденден

Следно

Израелскиот министер Бен-Гвир се закани со оставка ако се запрат измените во судството

Latest from Blog

Општина Битола: Инвестиција од над 5 милиони денари за патот до црквата во Ротино

Откако минатиот месец започна реконструкцијата на улица во селото Ротино, односно патот кој води до црквата, денеска таму механизацијата врши асфалтирање и градежните работи се во тек. Денеска увид во градежните работи

Вкупен промет од 19.817.442 денари, со доминација на телекомуникацискиот и банкарскиот сегмент

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 29.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.959,02 поени и забележа пад од 0,19%, односно 18,82 поени,

Проданоски: Управувањето со отпад мора да се реформира за стабилна иднина

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска учествуваше на Регионалниот форум за управување со отпад „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, што се одржа во Скопје, а кој

САД ИЗДАВААТ ПАСОШИ СО ЛИКОТ НА ТРАМП – Патриотски јубилеј или култ на личноста?

САД воведуваат контроверзна промена во својата бирократија: по повод 250-годишнината од независноста на земјата, Белата куќа најави серија пасоши со ликот на претседателот Доналд Трамп. Овој специјален дизајн ќе биде стандардна опција

Божиновска од јубилејот на ЕВН: Потребен е одговорен приватен сектор и силни институции

нистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска испрати јасна и недвосмислена порака: економскиот развој и енергетската стабилност не се резултат на поединечни напори, туку на вистинско, функционално партнерство меѓу
Go toTop