Снимка од „морско чудовиште“ направена од подморница го преплаши интернетот

January 5, 2026
1 min read

Подводното видео прикажува суштество коешто, наводно, изгледа како праисториско чудовиште… Со оглед на тоа што се истражени само околу пет отсто од светската морска шир, не е изненадување ако овие суштества што изгледаат како од кошмар или хорор-филм, се кријат во темнината… Ако страдате од таласофобија – силен страв од вода и морски пространства, следните сцени би можеле да бидат вознемирувачки.

На видеото, првично, не може јасно да се види што точно се случува, па големи облаци песок се издигаат од морското дно додека нешто масивно се движи – и тоа, близу подморницата. Бргу потоа, огромната глава на ајкула излегува од песокта, таа лови некое друго, помало морско суштество, па смирено лизгајќи се покрај прозорецот на подморницата.

„Ова е чудовиште! Таа е огромна!“, вели еден од екипажот на каналот „Океан-Икс“ (OceanX), додавајќи на шега дека ајкулата „може да изеде топ“, бидејќи е „поголема од оваа подморница“.

Снимката е направена за време на мисија организирана од Институтот на Кејп Елеутера, чии научници успешно поставија сателитска ознака на ајкулата којашто е женка. Благодарение на тоа, научниците знаат каде се наоѓа суштеството.

„Нашата цел беше ајкула од длабокото море со шест жабри… Овој древен вид е постар од повеќето диносауруси и е доминантен предатор на екосистемите во длабоко море“, појасни Институтот.

Овие ајкули можат да пораснат до шест метри во должина, а нивната тежина обично е околу 500 килограми. Поголемите единки можат да надминат еден тон.  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски АВТОБУС ИЗЛЕТА ОД АВТОПАТ ВО СРБИЈА

Следно

Анџелина Џоли ја продава куќата во Лос Анџелес и го напушта Холивуд

Latest from Blog

Фото: Никол во омилениот аутфит-бикини

Секако атрактивната пејачка е облечена во својот омилен аутфит, бикини, единственото нешто што го носи преку целата година. Ако се погледат социјалните мрежи на Никол може да се заклучи дека пејачката како

Ѕвездите најавуваат олеснување за 4 хороскопски знаци: Во новата година ќе ги оставаат сите грижи зад себе!

Сите копнееме по моментот кога можеме длабоко да воздивнеме и да кажеме: „Заврши, сега можам да уживам“. Ова олеснување во Новата година доаѓа како што е ветено за четирите хороскопски знаци на

Ханси Флик: Супер – купот е најкусиот пат до трофеј, но нема да биде лесно!

ФОТО: FC Barselona/FB Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше со самодоверба и реализам пред нивниот полуфинален натпревар од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао, утре во Џеда (С.Арабија). Тој го опиша турнирот
Go toTop