Словенечкото МНР го повика на разговор израелскиот амбасадор поради нападите во Либан

September 24, 2024
1 min read

Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор израелскиот амбасадор, поради нападите во Либан кои веќе однесоа повеќе од 500 животи, изјави министерката за надворешни работи Тања Фајон на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Според извори во словенечкото Министерство за надворешни работи, разговорот е закажан за утре.

Како што рече министерката Фајон, се чини дека „Либан станува новата Газа“, а ситуацијата ја оцени како загрижувачка. Таа рече дека Израел го „ескалира насилството“ во Либан, Газа и Западниот Брег.

-Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ, истовремено почитувајќи го меѓународното право и, се разбира, Повелбата на Обединетите нации, најави таа.

Таа, исто така, најави дека наскоро ќе се сретне со либанскиот министер за надворешни работи за да разговара што друго може да се направи.

Франција, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, побара итен состанок на телото денеска откако Израел го започна најмоќниот бран воздушни напади против иранската милиција Хезболах во Либан во последните децении, во кои беа убиени стотици луѓе, вклучително и деца.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес од 2,9 степени повторно го потресе Скопје

Следно

Земјотрес со јачина од 2,9 степени почувствуван во Скопје

Latest from Blog

Совети за безбедно чистење на телевизорот без да го оштетите

Модерните телевизори имаат чувствителни LCD, LED и OLED екрани, па затоа правилното чистење е од суштинско значење за да се избегнат гребнатини, трајни дамки или оштетување на заштитниот слој. Прашината, отпечатоците од

Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025. На Самитот ќе учествуваат високи претставници на влади, меѓународни организации, како и претставници од деловниот сектор и

Министерката за финансии со две обраќања на престижниот Истанбулски економски самит

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025. На Самитот ќе учествуваат високи претставници на влади, меѓународни организации, како и претставници од деловниот сектор и
Go toTop