Скандал во Шпанија, причината е Барселона: Секогаш е иста работа против нив!

September 1, 2025
1 min read
Фото: Барселона Твитер

Случаен сплет на несреќни околности или нешто повеќе, се прашува утрово целата шпанска спортска јавност. Повод е ремито на Рајо и Барселона (1:1) во третото коло на Ла Лига, односно пеналот кој во гол во 40. минута го претвори Јамал.

Не само што основа за пенал немаше по стартот на Чаварија, туку судијата Матео Бускетс немаше начин својата одлука дополнително да ја провери.

Причината е во дефектот на VAR системот, со кој имаше проблеми уште од почетокот на мечот – мала утеха за домаќините.

Рајо успеа да изедначи во продолжението и да стигне до бод, а за нешто повеќе се спречи одличниот Гарсија меѓу стативите на каталонскиот тим.

По мечот, Иси Паласон, асистент во голот на Рајо, изјави дека судијата Бускетс им потврдил дека пеналот над Јамал не постоел:

„Судијата ни призна дека не беше пенал! Секогаш истата работа против истиот тим“, бесен беше Паласон.

Барселона по три меча има седум бода и заостанува зад водечките Реал и Атлетик Билбао, два тима со по три победи.

Извор: vecer.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Наместо депонија – зелена оаза: Ѓорѓиевски најави парк од 300.000 m²

Следно

Инцидент на Скијатос: Авион го разнесе багажот, патниците ги вадат куферите од море (ВИДЕО)

Latest from Blog

Христовски: АНБ од 2019 била фасада од реформирана институција, индициите за злоупотреба се со висока квалификација и сензитивни

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски на денешниот Ден на АНБ, изјави дека „таканаречената реформирана АНБ во 2019 година била се, но не била реформирана институција“. – Повеќе било фасада

ДОКАЖАНА ЗЛОУПОТРЕБА НА НАД 30 ДЕЦА ВО БРЧКО, јавноста фрапирана од деталите

Обвинителството на округот Брчко поднесе обвинение против 72-годишната З. Ѓ. и нејзиниот 38-годишен син А. Ѓ., сопственици на куќа каде што кон крајот на февруари годинава беа пронајдени 31 дете без родителски

Дрвошанов: Mасовна посетеност на нашите штандови, имаме многу добри идеи и предлог-проекти, заедно со нашите граѓани ќе понудиме победничка програма

ВМРО-ДПМНЕ организира теренска акција, кампања „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“. -Во рамки на тие активности, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, на повеќе прометни локации, постави свои штандови каде што нашите сограѓани на
Go toTop