Во текот на ноќва се очекува јужен ветер, кој утре преку денот ќе се интензивира и ќе достигнува засилен до силен интензитет, локално со брзина над 70 km/h.
Метеоролозите советуваат граѓаните да бидат внимателни, особено при движење на отворено и управување со возила.
Утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.
Извор: kurir.mk


